Модниот бренд „Манго“ неколку години наназад е посветен на одржливата мода и еколошки пријателските креации преку својата Mango Committed линија, а со новата колекција го најавува летниот стил. Брендот ја дизајнира пролет-лето 2019 колекцијата во стилот на елегантна едноставност. Креациите се од лен и памук, палетата на бои се состои од бела и беж со доза на зелена, а кроевите едноставни.
Фотосесијата за новата Committed колекција е направена во природа со манекенката Вивиен Солари, а доминираат долги фустани и удобни кафтани, лежерни комбинации од шорцеви и кошули, широки панталони и комбинезони, како и модели кои можат да се носат за свечени настани и вечерни пригоди.
Mango Committed колекциите се еко-пријателски изработени од рециклирани ткаенини и одржливи влакна. Новата колекција е инспирирана од природата и е направена од вискоза и органски памук, како и материјали создадени со новите технологии за одржливи влакна како GREENCEL (стопроцентно разградливи влакна за чие производство не се користат отровни материјали).
Нема коментари