Моден викенд Скопје во соработка со Македонската модна асоцијација креира нова иднина за модата и свежи перспективи под темата „NoWasteMK“
Експеримент со биоразградливи хулахопки, обоени со еко боја од кора од грозје, колекција накит создадена од е-отпад и избор на брендови кои ја отелотворуваат разновидноста на македонското одговорно творештво.
Под слоганот „Beyond the Fields”, од 2 до 3 октомври, Моден викенд им дава простор за промоција на 30 креативци и нивните дела за време на иницијативниот проект NoWasteMK. Преку шоурум, изложба, експериментална колекција и сет на разговори на тркалезна маса, NoWasteMK ќе истражува и дискутира на теми за одржливост, ќе сподели знаење и ќе ги поттикне потребните промени кон поодржливо опшество и индустрија.
Тоа е всушност визијата и целта на Моден викенд Скопје и Македонската модна асоцијација. Да ја претстави работата на дизајнерите кои ги менуваат правилата на игра во модниот бизнис Стефанија Насеска, Евгенија Зафировска, Хана Зека – Fight or Flight brand, Four Twenty Two, KTN, Son of Salome, Мирјана Јосифоска, Роберт Ивановски, Luna Aditeya, Leap Concept и работата на студентите од Академијата за моден дизајн „Џолев и уметностите“.
#NoWasteMК е фузија од физички и виртуелни активности, реализирани со грант од Circular Design Assembly, доделен од British Council со фасилитација од Ellen MacArthur Foundation.
Новите колекции од учениците на дваесет и четвртата сезона, ексклузивно ќе бидат претставени на 2 и 3 октомври преку пренос во живона социјалните медиуми на FashionWeekendSkopje, со премиерно прикажување на кратки модни филмовии фотографии. Шоурум со ексклузивни парчиња на истите, како и изложба на накит ACHTUNG BAUSTELLE! изработен со електронски отпад од уметницата Маја Стојковска, се само дел од богатата програма што посетителите ќе ја проследат од 2 до 3 октомври во зградата на Железничката станица во Битола, во клубот „Јагода“.
Придружете им се на експертите, креаторите на иднината, статистичарите, како и на лидерите од приватниот сектор и граѓанското општество на #NoWasteMK, со цел да размениме практично и теоретско знаење за просперитетна визија на кружната економија во модниот бизнис.
На првата тркалезна маса и онлајн дискусија “Circular Fashion and Textiles”, модератор од Текстилна трговска асоцијација – Кластер за текстил заедно со панелисти и учесници ќе дискутираат за проектот Design4Circle и циркуларна економија – Локален контекст, предизвици и можности. Не ја пропуштајте можноста да дебатирате за најновите трендови на циркуларна економија во мерењето, изворите и методите.
Дискусија на тема “Product design for the environment” на тркалезна маса ќе биде предводена од модната дизајнерка Ирина Тошева и врвни професионалци од креативната индустрија кои ќе презентираат успешни примери за системот на циркуларната економија во земјата и ќе ги елаборираат предизвиците и можностите за нејзиниот развој.
За време на онлајн разговорот „End of Life” со советничката за одржлив развој Шарлот Вандиерендонк и модната дизајнерка во подем Т*МИТРОВСКА, ќе разговараме за создавање нов живот преку редизајнирање и рециклирање.
Панел дискусијата “Consumption Reduced: repair & wear” презентирана од претставниците на Fashion Revolution и нивните поканети соговорници ќе ни доближи факти, практики, искуства, корисни совети и предлози за нови можности на делување во насока на намалување на конзумеризмот во модата и поттикнување на циркуларната економија.
На 3 октомври во Штип ќе биде прикажан проектот „Кружната економија како модел за решавање на текстилниот отпад во Општина Штип”.На овој настан ќе имаме разговор со д-р Игор Јорданов, професор на Технолошко-металуршкиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – координатор на проектот и м-р Златко Самарџиев, национален координатор на ГЕФ ПМГ во Република Северна Македонија под модераторство на м-р Дијана Насева, Универзитет Гоце Делчев од Штип, асистент на проектот.
Во вториот дел студентите на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип под менторство на доц. д-р Сања Ристески ќе имаат моден перформанс со моделите добиени од активностите од проектот. За реализација на проектот е употребен отпад од текстилната индустрија како суровина за производство на перници и јоргани.
Општа цел на проектот е намалувањето на текстилниот отпад во општина Штип и употребата на истиот за производи со додадена вредност.
Иницијативата #NoWasteMK ги воочува границите на нашиот сегашен систем, додека презентира нови начини на создавање.
Нема коментари