Креации украсени со карнери и ленти налик на метро за шиење, принтови како ознаки за кроење, сметка, „изгореници“ од пегла, цртежи со закачалки, се само дел од елементите на навидум едноставните црни фустани и мантили на брендот Moschino за сезоната пред есен 2015. Моделите, во чија основа е малиот црн фустан, во лукбукот ги носи британската манекенка и актерка Либерти Рос. Колекцијата се движи од класичнни црни дизајни, со интересни, впечатливи додатоци, преку класични костуми, па сè до вечерни креации со светкава мониста. Неколку креации се со напис, на кој пишува „Немав што да облечам, па го ставив овој скап фустан од Moschino“, или „Мал црн фустан“. Дел од креациите се во стилот на Одри Хепберн и Џеки Кенеди од 60-тите години, застапени се нови видувања на класините твид костуми во пастелна боја од „Шанел“, како и црно-белите комплети за бизнис- дамите. Моделите се со безвременски крој, со трендовски детали. Направени се по мерка на секоја модерна жена.
Нема коментари