Физичкото дистанцирање и обидите на уредниците да постигнат коректна содржина ги трансформираа модните и лајфстајл списанијата
Една црвена роза на насловната на Vogue, манекенките сами се фотографираат за рекламните кампањи на брендовите, познатите личности без шминка, луѓето од модата со поддршка на здравствените работници, фотосесии и едиторијали се сликаат без физички контакт меѓу моделите, фотографите и другите вообичаени учесници… оваа сезоната модата во списанијата и модните публикации изгледа сосема поинаку. Новонастаната реалност се рефлектира и на креирањето на насловните страници на модните списанија.
Vogue Italia неодамна претстави бела, празна насловна страница посветена на здравствените работници. Португалското издание е со двојка со заштитни маски како се бакнува и со порака дека стравот нема да нè сопре. Маска носи и Иман на насловната на Vogue Arabia, а темата е важноста на поврзаноста, дури и во време кога сме физички одвоени. Фотографијата на Иман е од архива, а подоцна компјутерски ѝ е додадена заштитна маска. Холандското издание има насловна направени преку видео повик. Американски Vogue во двобројот на јуни и јули на насловната стави една роза која што претставува убавина, надеж и будење.
Насловна која е посветена на реалноста на нашето време направи и нашето списание „Убавина и здравје“ и на првата страница стави две пози на една манеканка , оддалечени една од друга два метри, колку што е препорачаната социјална дистанца.
Интересна е приказната за насловната на априлскиот број на Vogue Portugal со двојката со маски – уредничката на списанието Софија Лукас вели дека инспирација е една слична фотографија на двајца како се бакнуваат со заштитни маски, а е направена во 1937 година за време на епидемијата на шпански грип. Оваа денешната ја направи фотографот Бранслав Симончик, које е во Братислава, и кој фотографирал манекен и манекенка кои и во приватниот живот се во врска.
Насловните страници на модните списанија неретко се прават користејќи ја технологијата, која што дозволува секој од креаторите на фотографијата да е во свјот дом.
На пример, славната личност што ќе биде на насловната на јулскиот број на Harper’s Bazaar UK е фотографирана од страна на некој што се изолирал на оддалечена локација. Модната директорка на списанието Аврил Мер објаснува дека модниот уредник и стилистот не можеле да ја посетат личноста од насловната, облеката била испратена преку пошта директно во домот на личноста од насловната и е стилилизирана со инструкции на тимот на списанието преку Zoom.
Многу слично се прават цели фотосесии, со инструкции преку Zoom или Skype, често манекенките се без шминка и фризура (или сами ја прават), а има и фотографи кои се во врска или брак со манекенки, па се сликаат по мода.
Уредниците велат дека е е поразлилно, не само во однос на продукцијата на едиторијалите, туку и во тоналитетот, содржината, темата и визијата коа треба да се соодветни на времето.
Бројни списанија (Grazia, Men’s Health, Vanity Fair) директно дадоа поддршка на здравствение работници и наместо модели и славни личности нив им ги посветија насловните.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари