Актерката и оскаровка Натали Портман неколку години е заштитно лице на парфмемот Miss Dior на париската модна куќа „Диор“, а се појавува и во последната кампања за новата верзија на парфемот наречена Miss Dior Eau De Parfum. Натали е во скоро разголена поза додека позира пред објективот на Тим Вокер во фустан од haute couture колекцијата на „Диор“ за пролет 2017. Фустанот креација на Марија Грација Кјури е без прерамки, со раскошен цветен вез и со реси во долниот дел.
Новата реинкарнација на Miss Dior парфемот е елегантен склоп на цветен микс, со доминација на цитрусни ноти во комбинација на рози, јасмин, индонезиско пачули, италијанска мандарина… Оригиналниот Miss Dior куќата го лансира во 1947 година, последниве години „Диор“ претставува нови верзии како Miss Dior Cherie и Miss Absolutely Blooming, а од следниот месец ќе мирисаме на Miss Dior Eau de Parfum.
Нема коментари