Францускиот институт во Скопје, во соработка со асоцијацијата Метаморфозис и регионот Нормандија, го организира второто издание на конкурсот „моето мини-видео“, оваа година на тема „слобода на изразување“. Конкурсот е отворен за младите од 18 до 28 години (по можност франкофони или англофони), кои се интересираат за мултимедијалната сфера (потребно е да имаат мобилен телефон со камера). Најуспешните мини-видеа (3 мин.) ќе бидат прикажани на новото издание на Фестивалот на француски филм, кој ќе се одржи од 15 до 18 јуни 2016 година. Победникот на конкурсот ќе биде гостин на фестивалот Off-Court во Трувил, Нормандија, а воедно ќе добие и подготвителни часови по француски јазик од Францускиот институт во Скопје.
Две подготвителни работилници ќе се одржат на 12 и 13 мај 2016 г., а се наменети за селектираните кандидати со цел да им се дадат упатства за пишување сценарио, за технички совети и практична реализација на видеото. Можни работни јазици: француски, македонски, албански и англиски. Заинтересираните кандидати треба да го преземат формуларот за учество на следниот линк: http://www.ifs.mk/mk/Home/CultureContent/1527 и пополнет да го испратат на на следната мејл адреса: culture@ifs.mk најдоцна до 6 мај 2016 година.
Нема коментари