• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

„Ничија земја“ на „Стоун дизајн“ од утре на Венециското биенале на архитектура

Од stylist @StylistMKD · На мај 25, 2016

1

Утре, 26 мај, со почеток во 17.30 часот, во Артиљери, Арсенале ќе биде отворен Македонскиот павиљон на 16. издание на Венециското биенале на архитектура 2016. Темата, насловот на Биеналето на архитектура е „Известувања од фронтот“. Куратор на 16. издание на Биеналето е Алехандро Аравена, а претседател е Паоло Барата.

Како одговор на темата на Биеналето, Македонија се претставува со проектот на архитектите и автори „Стоун дизајн“, „Ничија земја“ (инсталација-објект). Куратор на проектот е Стојан Павлески, автори на проектот се Стојан Павлески, Иван Симеонов, Љупчо Тасевски, Ѓорги Радовановиќ, комесар на проектот е д-р Иванка Апостолова, соработници на проектот се Влатко Чавкоски, Натали Павлеска, Ристо Кокалановски, советници на делото се Јован Шумковски и Станко Павлески. Уредници на македонскиот каталог на „Ничија земја“ се д-р Иванка Апостолова и Стојан Павлески, дизајнот на каталогот и постерот е на Футура 2/2, автор на фотографиите од делото е Станко Неделковски, автор на насловната фотографија на постерот е Милчо Манчевски.

Покровител на Македонскиот павиљон е Министерството за култура на РМ, спонзори на делото се Младински културен центар-Скопје, Хотел Солун, Фондација Илија Камчев, Пелистерка, Усјепор, Завар дизајн, Тиквеш Македонија, Навико, Неотел, Сариг, Оикос, Скопје Сити Мол, Раде Кочар, Футура 2/2, Стар Систем, Комерцијална банка, Гама и други. Организатори на делото се „Стоун дизајн“ од Скопје.

Sfera-2

Отворањето на Павиљоните во периодот од 25, 26 и 27 мај, претставува привју на Биеналето за оценување на делата за награди. Официјалното отворање за публика ќе биде на 28 мај, а биеналето трае до 27 ноември, 2016. Локации на Биеналето се Џардинери (локација на најстарите национални павиљони вклучувајќи го и централниот павиљон на меѓународната изложба), Арсенале (стар воен локалитет во кој се наоѓа и Артиљери во кој е лоциран Македонскиот павиљон) и разни градски локации (улици, згради, плоштади …).

Teкстот на кураторот и автор Стојан Павлески:
Односот помеѓу „јавното“ и „приватното“, меѓу „катафатичкиот“ и „апофатичкиот“ простор е утробата на „Ничија Земја“. Неговиот примарен фокус е структуралната перихореза, корелацијата и контрапунктирањето на искривените но алузивни „иконични“ урбани монументи и авторските созданија составени од субјективни реалности, фрагментрираност и дематеријализирани микро локации, географии и мулитикултурни истражувања на формата и волуменот. Суптилната игра на интерархитектуралните еха и алузии нè намамуваат да гидијагностицираме невротичностите на нашата култура преку архитектонски криптограми на фантазмогоричниот „отворен град“ создаден од есхатолошкиот архитектонски извик/загатка за можноста на liberté, égalité, fraternité in toto.

Набљудувачот, влегувајќи во тунелот низ илуминираната „задна врата“ е конфонтиран со слики и симболи на големите човечки очекувања; град кој е “препознатливо непрепознатлив“, ефемерен како „сон за еден град“, застрашувачките илузии за „земја без граници“ кој праќа повик за претопување во ничиј пејзаж.

Codice-Italia-Biennale-Venezia-Inexhibit

На оваа крстосница, невротските опсесии со поседување и акумулирање се соочуват со старата добра уметност на сонувањето. Колкав квантум храброст е потребен за да се погледнеме во ова архитектонско огледало? Која е дозата на волјева моќ потребна за некој на себе да ја земе дислоцираната и ослободувачка диспозиција на глобален номад/мигрант или на горд граѓанин на земјата која е сечија и ничија?

Колку е всушност наше она што го поседуваме? Проектот од себеиспитување не го поштедува ниту артитектот и мене самиот како еден од неговите автори. Дали под поимот „архитект“ се подразбира општествено изолирана фигура инсулирана во квалитетот и естетиката на живеењето или станува збор за сожител кој има јавна и приватна одговорност која налага отворање на посуштествени општествени прашања притоа нудејќи визии за нивна можна разрешница?

Sfera-1

 

Stone DesignЉупчо ТасевскиархитектураВенециско биенале на архитектураЃорги РадовановиќИван СимеоновИванка АпостоловаМакедонски павиљонСтојан ПавлескиСтоун дизајн„Ничија земја“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • cepenkov културен водич

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

  • literatura културен водич

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

  • шумковски културен водич

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    МОДЕН ТРЕНД: Штепуваните јакни најстилски сезонава

    јануари 15, 2021
  • 1

    Инстаграм профил кој го лови стилот на парижаните

    јануари 14, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • gucci

    Дизајнерски чанти што ќе бидат хит за 2021

    јануари 13, 2021
  • 1

    Мода во портокалова боја за енергичен старт на годината

    јануари 13, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021
  • ?????????????????????????

    Баланс+ оброци за енергетски почеток на денот

    јануари 5, 2021
  • pariche-702x336

    Паричето.мк – платформа за виртуелно вртење пита со паричка

    јануари 5, 2021

Култура

  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020
  • lila moss

    Лајла Мос на насловна на Vogue Italia

    декември 8, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics