Возбудата, енергијата и свежината што ги носиј почетокот на школсата година се пресликани во новите креации на брендот за младешка секојдневна мода „Бершка“. Во новата кампања посветена на учениците, наречена Back to school (or back to reality), е суптилно враќање во реалноста после летниот одмор со урбани, удобни и модерни аутфити. Видливо е влијанието од 90-тите години во кроевите и во принтовите. Маички по кратки ракави со ретро принт (меѓу кои и со „Бекстрит бојс“) , џемпери, блузони, фармерки, здолништа со трегери, комбинезони и јакни се само дел од моделите понудени во линијата. Тие се лесни за комбинирање и прилагодливи за речиси сите сезони. Доминираат црвена, розова, сина, бела и сива боја. Моделите се заокружени со актуелни детали: големи обетки, мали потарски чанти и торби за во рака.
Нема коментари