• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
досие 0

Од клупа на модна писта: Студентите од модната академија на Џолев и SEDC ќе се претстават на Моден викенд

Од Катерина Трајановска · На ноември 2, 2018

Atmosfera Moden Dizajn - Eftimov 1

Mодната академија на Џолев и SEDC, резултат на соработката на школото „Џолев и уметностите“ со „Сеавус Едукативен и Развоен Центар“ (SEDC), ја продуцира првата генерација на студенти и идни модни дизајнери кои веќе продираат на домашната сцена. Од Џолев и SEDC ја најавуваат новата учебна година, а организаторите на модните студии како професори и ментори повторно ги ангажираа еминентните Никола Ефтимов и Никола Булески, кои покрај повеќегодишната дизајнерската работа, имаат и искуство во едукативниот процес кај нас и надвор од Македонија. На академијата се и Ирина Тошева, посветена на темата на менаџирање на бренд и Александра Јовановска, која што предава модна илустрација. Разговаравме со нив, како и со Дејан Џолев, основачот на „Џолев и уметностите“, кои го отркиваат своето искуство после првите семестри од модните студии. Вреди да се посочи дека после првата учебната година, модната академија на студентите им овозможи да се претстават пред неколку компании, им помогна во вмрежувањето и креирањето контакти, како и да остварат практична работа и понатамошно вработување. Потоа студентите својата работа ја презентираа на завршната изложба што се одржа на 20 септември во „Јавна соба“, а сега ќе се претстават и на модна ревија, закажана за 3 ноември, сабота, во рамките на програмата на Моден викенд-Скопје.

Atmosfera Modna Ilsutracija - model - Aleksandra 1

ДЕЈАН ЏОЛЕВ: Студентите имаат можност да учат од најдобрите и најискусните на нашата модна сцена

Дејан Џолев нè запозна со новата академска година на моднaта академија.

-Новата академска година започнува на 12 ноември. Програмата се реализира 2+1 семестар, додека одржувањето е 4 дена во неделата во нетрадиционални и флексибилни едукативни методи на настава која вклучува пред сè практична активност во комплетно опремено модно студио и атеље. Студентите ќе имаат можност да учат од најдобрите и најискусните на нашата модна сцена! Тоа се луѓето кои ги поставиле темелите на модниот дизајн на овие простори. Луѓе кои денес поставуваат нови тенденции, со големо меѓународно, менторско и дизајнерско искуство. Никола Ефтимов, Никола Булески, Александра Јовановска, Ирина Тошева се само дел од менторскиот тим на академијата.

На последниот час од вторниот семестар, студентите јавно се претставуваат пред компании од модната индустрија, модни студија и медиуми. Веднаш по нивното излагање, компаниите одлучуваат кој од студентите каде да посетува едномесечна работна (платена) пракса, со можност за вработување. Минатата година имавме супер успешни приказни, каде наши студенти се веќе дел од професионални тимови!

НИКОЛА ЕФТИМОВ: Повеќе од задоволен со тоа што го научија студентите

@Eftimov

Една година по стартувањето на студиите по моден дизајн на Џолев и SEDC какви се импресиите и искуствата? Што учеа и колку научија идните модни дизајнери од вашето знаење и дали сте задоволни од нив?

-Минатата година луѓето кои го водат организацискиот дел на наставата успееја да создадат избрана група на студенти кои од првите предавања покажаа голем интерес за различни аспекти на модниот дизајн. Едногодишната настава им овозможи да се запознаат со интердисциплинарниот карактер на модата, да го осознаат процесот на воспоставување релација со целната група, развијат идеи, создадат книги за презентација, се соочат со постоењето на различни модни категории и ги осознаат нивните специфики итн. Секој од моите колеги, а според нивната специјалност, им овозможи на студентите да ги совладаат основите на различните дисциплини неопходни за формирање на идниот дизајнер. Со оние студенти што веќе ја имаа основата поради претходното школување или работно искуство се работеше на понапреднато ниво. Покрај Воведот во моден дизајн и Модна колекција, на студентите им предавав и Историја на мода. На тој начин тие се запознаа со развојот на облеката и додатоците, особено од почетокот на модерната ера до крајот на дваесетиот век. Овој предмет им овозможи на студентите да ја увидат нераскинливата релација меѓу различните модни манифестации и сложените општествени контексти на различни култури, во различни епохи и да ја збогатат визуелната култура.

На крајот на секој образовен циклус се анализира сработеното, би рекол дека сум и повеќе од задоволен со тоа што го научија студентите. Секако, процесот на учење никогаш не прекинува, ќе се радувам на нивниот професионален растеж.

Atmosfera Moden Dizajn - Eftimov 3

Првата генерација на академијата веќе се претстави на годишна изложба, но се чини студентите ги подготвивте „од клупа на модна писта“ и ќе имаат модна ревија на Моден викенд. Ќе ни откриете ли со што ќе се претстават? Подготвени ли се да се претстават пред поширока модна публика?

-Во сите центри со воспоставени модни недели постои начин како да се презентираат работите на студентите, младите дизајнери и слично. Покрај учеството на ревии организирани за презентација на избрани студентски работи, во поголемите центри постојат и специјализирани модни манифестации за промоција на идните дизајнери. Според моето мислење, проблемот е во валоризацијата и перцепцијата на студентските работи. Тие не би требало да се вреднуваат на ист начин како работите на поискусните колеги. Она што засега би можел да кажам е дека студентите ќе се презентираат со дизајнерски дела кои ќе бидат резултат на темите, проблемите, интересите итн кои ги преокупираа минатата година, а некои од нив и во подолг период, уште пред доаѓањето на настава. Ќе видиме креативно третирање на ткаенините, игра со текстури, силуети од едноставна геометрија, до лежерни бохо форми, поетични доработки, слоеви, игра со кроењето итн.

НИКОЛА БУЛЕСКИ: Добар дизајнер треба да е и добар моделар 

@Buleski

Како помина првата година на првата генерација на академијата и кои се вашите предмети?

-Јас предавам Конструкција на облека со техники на шиење и целта ми е да ги обучам нашите студенти да ги произведат сопствените креации. Вообичаено кога започнувате ново училиште нормално е да немате очекувања туку само дали ќе можете да го испорачате на студентите она што сте го испланирале. Догодина ќе можеме да направиме споредба на резултатите од двете генерации.

Забележуваме феномен „секој кој сака“ да се декларира како моден дизајнер, без потребна едукација и искуство. Како професор кој предава конструирање и техники на шиење, колку сметате дека е клучно дизајнерот да се образува и да знае да крои и да моделира креација?    

-Секој може да си се претставува како сака. Она што е важно е колку продавате и колку ве сака публиката. Што се однесува до она што јас го предавам е дека добар дизајнер треба да е и добар моделар. И несомнено најдобрите дизајнери во светот се врвни мајстори во конструирањето.

Buleski 2

Студентите ќе имаат модна ревија на Моден викенд, задоволни ли сте од она што ќе го прикажат во однос на квалитетната изработка?

-Задоволството е огромно кога ќе успеете за само два семеатри да ги спремите студентите да направат дел од колекцијата која ќе биде презентирана на модна ревија.

Какви модни колекции ќе видиме и дали се тематски дефинирани?

-За колекциите не би зборувал бидејќи тоа е во доменот на моите почитувани колеги. А не се сомневам дека она што ќе го прикажат нашите студенти ќе ви остави добар впечаток.

АЛЕКСАНДРА ЈОВАНОВСКА: Модната илустрација алатка за изразување на дизајнерката идеја

@Aleksandra Jovanovska

Предавате модна илустрација и технички цртеж. Колку е значаен овој предмет на академијата и дали е неопходно да се има талент за цртање?

-Модната илустрација е визуелен медиум, односно алатка за изразување на дизајнерката идеја. Преку комуницирање со слободен, дигитален или технички цртеж авторот ја презентира модната колекција најчесто пред нејзина реализација.

Во периодот на „златните“ години на модната илустрација, модните илустратори изработувале илустрации за едиторијали и рекламни материјали за актулени модни списанија (Vogue, Harper’s Bazar, The Queen, Femina, Journal des Dames et des Modes, Die Dame).

Современите модни илустратори, покрај тоа што употребуваат комбинирани рачни и дигитални техники во презентирање на колекции пред нивна реализација, тие исто така илустрацијата ја употребуваат и во комбинација со модна фотографија за промоција на новосоздадената модна колекција.

За претставување на модните колекција, благодарение на новите методи кои ги применуваме на предметите модна илустрација и дигитална илустрација на Академијата за моден дизајн, студентите со континуирано вежбање и навремено исполнување на задачите, можат одлично да ги визуелизираат свежите дизајнерски идеи.

ИРИНА ТОШЕВА: Водењето успешен бренд е 90% бизнис одлуки и 10% дизајн 

@Irina Tosheva

Од што се состојат вашите предавања и колку е важно еден моден дизајнер да научи како да создаде сопствен бренд и како да го менаџира?

-Водењето на успешен (моден) бренд е 90% бизнис одлуки и 10% дизајн/уметност. За време на модното образование скоро целото внимание е посветено на тие 10%. Но, што потоа?

Програмата на предметот „Бренд менаџмент“ ги опфаќа сите точки кои се од фундаментално значење за правење на вистинските чекори при стартување на бизнисот. Сите оние работи кои ќе им помогнат на студентите полесно да разберат како да ги постават „столбовите“ на својот бренд. Посветено е големо внимание на вежбање и усовршување на продажните вештини, истражување на пазарот каде точно е позициониран брендот, како луѓето го прифаќаат и како јавноста очекува да им биде презентиран. Се следат светски и домашни примери, гостуваат локални блогери и дизајнери кои ги споделуваат своите искуства и приказни. Часовите се подготовка за презентациите на крајот од студиите, со кои студентите можат полесно да стигнат до посакуваните пракси.

Atmosfera Moden Dizajn - Eftimov 2

Atmosfera Modna Ilsutracija - Aleksandra

Atmosfera Modna Ilsutracija - model - Aleksandra 3

Atmosfera Modna Ilsutrracija - Aleksandra

Atmosfera teh. na sienje - Buleski

Foto modeliranje

Atmosfera konstrukcii na obleka - Buleski

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 досие

    Златни правила за шопинг според Французинките

  • 4 pariski stil досие

    Модни правила кои ќе ви го доближат парискиот шик стил

  • BL5LM5Z7JRFYDLYO2B3O5RCUDY досие

    Приказната за црната вдовица Патриција Гучи

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics