Популарниот моден бренд Massimo Dutti во едиторијалот со име Travellers (Патувачи) презентира модни парчиња со кои повика на враќање кон природата, но и нè инспирира да заминеме за некое патување во егзотичен предел. Брендот повторно се потпира на својата минималистичка и елегантна естетика преку едноставни кроеви и палета од бела, беж и маслинесто зелена боја, но овде таа е разиграна со торби и плетиво во јаки бои, како и со романтични и цветни фустани.
Нема коментари