Во чест на досегашната петгодишна работа како eкспериментална модна етикета „Лудус’, дизајнерот Драган Христов ја прикажува мини-колекцијата Permanent Black составена од модни парчиња во црна боја, како краток фустан со едноставна линија, нова интерпретација на кошула-фустан со реси, широки панталони и палто со архитектонска структура.
Се работи за реинтерпретација на досега комерцијално најуспешните парчиња од сите колекции во црна боја со стопроцентнто природни материјали како волна и памук. Изборот од најпродаваните производи отсега ќе биде постојано достапен за клиентите преку интернет продавницата Бастет Ноар. (www.bastetnoir.com/ludus)
Мини колекцијата е само првата фаза од враќањето на најуспешните дизајни во постојанo производство. Напролет колекцијата ќе биде надополнета со пролетни и летни парчиња соодветни за сезонската потреба на пазарот.
Фотосесијата ја изработи фотографката Ана Марија Радосављевиќ, моделот e постојаната соработничка Aна Калачоска, а стајлингот, шминкатa и фризурата се на блогерката Мартина Неделковска. Колекцијата истотака ќе биде достапна и во концептуалната продавница во центарот за иновации „Јавна соба“ во Скопје.
Нема коментари