Модната куќа Версаче за прв пат на своја ревија ангажира модели со плус- величина на своето претставување минатиот септември во Милано. Неколку дена подоцна во Париз, на пистата кај Шанел прошета холандската плус-сајз манекенка Џил Кортлев. Таа одигра голема улога кога минатата сезона се појави на ревија на Шанел, во тоа време прв модел со облини по пауза од десет години.
Ова е голем чекор во однос на диверзитетот и инклузивноста во модата. На ревијата за колекцијата за пролет-лето 2021 на Версаче, за прв пат во 42-годишната историја на оваа престижна италијанска модна куќа, три манекенки со плус-величина носеа креации на писта. Основачот на куќата на Версаче на некој начин го создаде феноменот на сумермодели – оние долгоноги, ултра тенки девојки и постојано ангажираше такви манекенки, а неговата наследничка, сестра му Донатела, своевремено има вратено манекенки од снимање фотосесија бидејќи „изгледале како вистински жени“. Но се чини дека куќата го сруши и последниот бастион дека модата е само за слабите жени и манекенството е само за оние со конфекциски број 34 или помалку. Па на последната ревија ги ангажираа Џил Кортлев, Прешес Ли и Алва Клер, а Донатела „прифати дека секси изгледот одговара на секоја величина“.
На модните писти и во рекламните кампањи се случува промена. Имало позитивни примери и претходно, како Софи Дал, Кендис Хафин, Кристал Рен, Ешли Греам, но евидентно е дека брендовите денес се повеќе отворени да соработуваат со манекенки кои не се XS (или помалку) величина. Со јакнењето на body positive движењето и ставот дека „женствените форми се конечно во мода“, расте популарноста и ангажираноста на плус-величина девојките. Џил Кортлев се има појавено во кампањи на Зара и Александар Меквин, Прешес Ли во реклама на Миу Миу. Кортлев исто така на последните модни недели се појави и на ревиите на Fendi, Coperni, Etro, а во последните месеци на повеќе насловни на Vogue.
View this post on Instagram
Only love @fendi @pg_dmcasting @samuel_ellis ❣️grazie for welcoming me on the runway again ❣️ A post shared by Jill Kortleve (@jilla.tequila) on
Целта е во иднина плус-сајз манекенките да се прифатат како и друите манекенки, величината и облините да не биде нивниот единстен квалитет и заштитен знак. Често под плус-величина модели се сметаат оние кои носат облека над S и M (36 и 38), односно изгледаат како повеќето девојки, понекогаш се тоа нешто покрупни модели. Всушност, нема дефинирана величина со која се означува плус-сајз модел. Но, треба да се нагласи дека плус-величина манекенките не се болни од обезност, движењето за позитивно гледање на различните големини на тело, не значи и поддржување на медицинска дебелина која што е болест што штети на здравјето.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари