Филмот „Јас, Даниел Блејк“ на култниот британски режисер Кен Лоуч ја освои Златната палма на Канскиот филмски фестивал. Филмот е трогателна приказна за столарот со срцеви проблеми, кој се бори против суровата бирократија и за една самохрана мајка на две деца. Ова е втора Златна палма за режисерот кој важи за еден од најдобрите раскажувачи на приказните за „обичниот“ човек по „Ветерот што го ниша јачменот“.

Ксавиер Долан и Кен Лоуч
На 69. издание на фестивалот во Кан наградата за најдобра машка улога ја доби иранскиот актер Шахаб Хосеини за филмот „Трговец“, а за женска улога Жаклин Жосе од Филипини за филмот „Мојата роза“. Гран при освои на фестивалот освои 27-годишниот канадски режисер Ксавиер Долан за филмот „Само крај на светот, а наградата за најдобар режисер ја поделија Французинот Оливие Асајас за „Личен купувач“ и Романецот Кристијан Мунгиу за „Матура“. Жирито на престжижниот фестивал годинава го сочинуваа: режисерите Џорџ Милер, Арнауд Десплечин и Ласло Немс, продуцентката Катајон Шараби, како и светски познатите имиња : Кирстен Данст, Валерија Голино, Медс Микелсен, Ванеса Паради и Доналд Сатерленд.
Нема коментари