Новата колекција на популарниот бренд Massimo Dutti за претстојната пролет-лето 2018 сезона содржи извонредни парчиња кои одговараат на деловниот дрескод, лесно се вклопуваат во лежерни комбинации, а нуди и модели што може да се носат за вечерно излегување. Сите креации ги содржат препознатливите кодови на брендот – едноставност, минимализам, префинетост и елеганција. Во фокусот се фустаните со крој на кошула, повеќе варијации на женски костим, широки панталони, но и куси модели, креации со пуф-ракави, мантили, избор на разни лежерни кратки панталони. Преовладуваат земјените тонови, белата, жолтата, бебешко розовата и пастелно сината боја.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари