• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
книги-магазини 0

Промовирана сликовницата „Веселата зграда“ од Ана Голејшка Џикова и Драш во „Литература.мк“

Од stylist @StylistMKD · На октомври 10, 2019

veselata zdrada (1)

Во весела атмосфера, со присуство на многу деца и нивните родители, вчера (среда, 9 октомври), во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, беше промовирана новата книга за деца „Веселата зграда“ од авторката Ана Голејшка Џикова и илустраторот Драган Китановски – Драш.

Промоцијата почна со кретивна работилница, на тема „Обој ја својата весела зграда“, на која најмладите гости дадоа свое, шарено видување на зградата од приказната на Ана и Драш. Така, добивме стотина уникатни згради, изградени од детската фантазија.

veselata zdrada (2)

Сликовницата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, преку веселите стихови на поетесата Голејшка Џикова и разиграните илустрации од графит-артистот Драш, ни раскажува за жителите на една зграда со седум ката. Во неа, кат по кат, нè запознава со: учителката во пензија Ката, Молња и Громче, елекричарот чичко Ват, Јасна, Перо и нивниот мачор Неро, со младиот сликар, магичната Вера, кученцето Луна и семејството гулапчиња.

veselata zdrada (7)

– „Веселата зграда“ е книга која се обраќа на најмладата публика, на возраст од 6 до 8 години и со тоа исполнува една благородна мисија за воведување на децата во светот на книжевноста, но и ја развива нивната фантазија и желбата за осознавање на светот. Авторката не се задржува само на визуелниот аспект, туку го комбинира и го збогатува со поетски текст преку кој го гради наративниот свет на книгата. Навидум тоа е кратка и едноставна структура, која се состои од седум песни кои се обрабени со куса воведна и завршна песна. Сепак, таа основна структура е темел за развивање и градење на еден богат свет на приказни, ликови и слики што е симболизирано со седумте ката на зградата. Зградата, воедно е метафората за патот, една од основните метафори во книжевноста која го отелотворува процесот на осознавање на светот кој нѐ опкружува. „Веселата зграда“ преку приказот на разновидноста на зградата и нејзините жители ги учи децата на вредностите на толерантноста, емпатијата и отвореност кон различноста. Исто така, книгата ги учи и на љубов кон животните и за благодетот да се има милениче во својот дом. На тој начин, оваа книга ја исполнува и својата образовно-воспитна функција што е една од основните улоги на книжевноста за деца – истакна промоторот и рецензент на „Веселата зграда“, Милан Дамјаноски, кој е доцент по англиска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

veselata zdrada (4)

Авторката Ана Голејшка Џикова откри дека „Веселата зграда“ е еден отсечок од нејзината реалност, преточена во фантазија со сите ликови и форми, што Драш одлично ги долови.

– За да се случи „Веселата зграда“ веројатно требаше да почне да ми работи мислата на поинаков начин или да стигнам до тоа ниво на зрелост. Имено, јас веќе пишував за деца, малечки парченца стихови за списанието за ученици „Либи“ или нарација со рима за детските претстави за учениците на мојата сестра. Така, некако, интуитивно почнав да ја (о)пишувам зградата во која живееме со сопругот, директно инспирирана од соседите и животот тука. Во меѓувреме забременив и некако, коцките се наредија. Инаку, зградата од сликовницата, секако дека е нашата зграда, зградата на сите нас што имаме весели или намуртени соседи, маалско маче и кутре, мезанин во кој чуваме саксии со љубичици… Во помала зграда, секој кат е приказна. Имав среќа да растам во Карпош, маало со многу руски згради, многу соседи, многу деца и игри и тоа ми е врежано во мислата – дека и мојата ќерка заслужува да има другарчиња од маало, дружење и хармонија со нив. Пораката е очигледна – домувањето не е изолиран свет, напротив – тоа е мрежа, заедница на луѓе со кои секојдневно делиме еден заеднички простор. Патем, речиси сите ликови во сликовницата имаат пандан на некое од семејствата со кое соседуваме. А некако, кога почнав да ја пишувам, влегов во улогата на Зградата – раскажувачка и мислам дека мене ме има по малку во сите ликови – изјави Голејшка Џикова.

veselata zdrada (5)

За познатиот графити и тату-артист, Драган Китановски, кој твори под псевдонимот Драш, ова е прво исксуство како илустратор на книга за деца.

– Цртам откако знам за себе, цртањето графити ми е вентил, така се ослободувам од негативната енергија и си ги полнам батериите. Имам многу сработено до сега: за градинки, училишта, мурали на згради, кафе-барови низ Скопје, учествував во исцртувањето на првата галерија на отворено во ГТЦ, а последен позначаен проект ми беше креирањето мурали на Пречистителната станица во Струмица. Сепак, ова е поинкаво искуство за мене. Со Ана се знам одамна, но ова е прва наша соработка. Подготовката на сликовницата се совпадна со период кога и јас и Ана (со своите партнери) требаше да станеме родители. Многу бев среќен и возбуден што на илустрациите ќе им се радува и моето дете. Со секоја илустрација сакав да ѝ доловам на ќерка ми како се чувствував во периодот на изработка на книгата. Тоа ми беше многу голем мотив. Инаку, читајќи ја книгата, секој може да си препознае некој свој комшија во ликовите од „Веселата зграда“. Зградата е на Ана, но за илустрацијата на ликовите бев инспириран од мои другари, кои би сакал да ми бидат комшии: Тетка Ката се пресели во Германија и сега таму пече колачиња. Обожавам да се дружам со Јасна и Перо и да цртам со сликарот од четвртиот кат. Можно е јас да сум чичко Ват, само што не знам да свирам гитара… Веселата зграда е еден мал свет во кој живеат луѓе со различни профили, како симбол на соживот и меѓусебно разбирање – изјави Драш.

veselata zdrada (11)

Книгата „Веселата зграда“ веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“, „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, во Градскиот трговски центар ‒ Скопје и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40, а може да се нарача и на следниот линк.

veselata zdrada (12)

veselata zdrada (8)

veselata zdrada (13)

veselata zdrada (10)

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • darko pancev книги-магазини

    Вечерва промоција на авторизираната биографија на Дарко Панчев од Зоран Михајлов

  • Воли_Лефти и Рајти книги-магазини

    Наскоро нова сликовница за Лефти и Рајти од Наташа Дукоска

  • kostimot vo makedonija книги-магазини

    Промоција на „Костимот во Македонија“ во рамките на „Олабај“ – офф-програмата на фестивалот „Браќа Манаки“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 8martovski bazar

    Осмомартовски базар под слоганот „За таа што ти е сè“ во Скопје сити мол

    март 3, 2026
  • sienna

    Посетете го Осмомартовскиот базар во ГТЦ и изберете подарок со душа

    март 3, 2026
  • ??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

    Македонија домаќин на меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“

    март 3, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics