Колекцијата што сите ја очекуваме уште со самата најава е соработката на дизајнерите од париската модна куќа „Кензо“, Керол Лим и Умберто Леон, за шведскиот bренд H&M која ќе почне да се продава во ноември годинава. H&M веќе отрки неколку комбинации како најава за тоа во која насока се движеле дизајнерите. Од првиот поглед KENZO x H&M може да забележиме смел, необичен и колоритен животински принт. Првите фотографии се направени со разни уметници, млади креативци и активисти, кои се појавуваат како амбасадори на оваа колекција.
Нема коментари