Белгискиот дизајнер Раф Симонс направи редизајн на познатиот модел на „адидас“ патиките – „Стен Смит“. Тој ја потпишува колекцијата на патики за пролет-лето 2014 на популарниот спортски бренд. Сите модели се редизајн на култниот модел, кој првпат се појавил во 1963 година. Првите модел бил креиран за тенисерот Роберт Хејлет, а по неговото повлекување биле преименувани според Американецот Стен Смит . По ова и нивната популарнност нагло пораснала. Иако се помонати пет декади, овие патики сè уште имаат свои привразници, а со подбрената технологија и дизајн, најдоа примена и кај новите генерации. Силуетата и моделот кај новите патики е ист, со мали кореции. Белиот модел доби сино-бели линии, а црниот жолто-бели.
Нема коментари