• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

Од Катерина Трајановска · На јули 7, 2022

bad girls (3)

Во склоп на Cinedays на 8 јули во Младинскиот културен центар во Скопје, ќе се случи изложбата „Лошите девојки од филмовите“, со модно-костимографски момент кој ќе се фокусира на реинтерпретирање на филмските костими на субверзивни женски филмски ликови од 1960-тите до 2000-тите. Автор на проектот замислен како костимографска инсталација е Сандра Шевандо, Македонска која подолго време живее во Берлин и работи како стилистка и колекционерка на винтиџ облека. Таа селектира костими за протагонистки од филмски дела на автори кои негуваат естетика блиска до нејзината, женски филмски ликови кои ја интригираат и фасцинират. Во проектот како куратор се вклучи нашиот моден дизајнер Драган Христов кој се надополни со идеи околу форматот, концептот и целосната визуализација на изложбата. Утре, 8 јули, со почеток во 20 часот, посетителите низ просториите на МКЦ визуелно и преку костими ќе ги доживеаат лошите девојки од легендарни филмови.

bad girls

Сандра, како автор на изложбата, како дојде до идеја за овој проект? Зошто сметаш дека е важно да се обработи оваа тема?

Сандра Шевандо: Овој проект потекнува од идејата на Марга Арсова, програмскиот директор на Синедејс, која ја согледа поврзаноста на моите винтиџ парчиња  со филмот како уметност и пријателски ме покани да направам настан што ќе го придружува јубилејното издание. Оваа костимографска инсталација нема за цел да ја опфати целокупната костимографија на контроверзните женски ликови, туку е омаж на филмовите и авторите и нивните протагонистки кои отсекогаш ме фасцинирале и воодушевувале.

Драган, ти на овој проект си куратор, што поточно подразбира твојата функција?

Драган Христов: Мојата главна задача беше да се одреди форматот на изложбата, да се конкретизираат идеите на авторката Санра Шевандо и да се најдат начини на претставување на костимите на овие „лоши“ девојки. По долги разговори сфативме дека визуелизацијата на живи модели е најдобриот начин да се претстават костимите и сакавме да ги конфронтираме посетителите директно и непосредно со костимите и сцените од филмовите.

Зошто лошите девојки и зошто токму субверзивни ликови како централен момент на оваа изложба? Кои се култните лоши, субверзивни, бунтовни девојки од филмската историја што ги обработувате во проектот?

Сандра Шевандо: Сакавме да избереме ликови што не се банални и често третирани, сакав да истражам во мојата лична библиотека на филмови што ми оставиле голем впечаток малку под површината и составив листа чиј заеднички елемент беа тие „лоши девојки“. Естетиката на авторите на филмовите е блиска до мојата и се совпаѓа со мојот фундус. Така решив да си поиграм со нив.

Веднаш знаев дека мора до го обработам костимот на Марго (Гвинет Палтроу) во филмот на Вес Андерсон „Ројал Таненбаумс“, ликот што го игра Хелена Бонам Картер во Fight Club. По ова беше лесно да се надоврзат останатите филмови и женски ликови.

bad girls (4)

Од што сѐ ќе се содржи оваа инсталација и што ќе видат посетителите?  Најавувате дека ќе опфатите разни формати…

Драган Христов: Костимографската инсталација е составена главно од костими на живи модели што ги реинтерпретираат костимите од филмовите. Моделите ќе ги рекреираат сцените од филмовите низ просториите на МКЦ, а ќе бидат надополнети со звучни инсталации, видеа специјално направени за настанот, постери, сценографски и кинематографски поставки каде главниот акцент ќе биде ставен на облеката односно костимите.

Деновиве бевте окупирани со кастинзи и фитинг на моделите кои што ќе ги носат костимите? Кои ќе бидат моделите, како ги ловевте и по кои критериуми одредувате која „улога“ ќе ја имаат?

Драган Христов: Кастингот опфати  околу 60 модели што ги биравме според сличноста со актерките од филмовите, а во некои случаи баравме и модели чија што сценска присутност беше пресудна. Имаме вклучено фотомоделки, фотомодели, актерки и актери и дрег кралици.

Каква облека, костими ќе користите? Сандра, претпоставувам тоа се винтиџ парчиња што ги донесе од Берлин и се дел од твојата лична колекција…

Сандра Шевандо: Сите костими се рекреирани со парчиња од мојот фундус, мојата колекција на винитџ облека што ја имам селектирано патувајќи низ Европа, низ различни продавници, маркети, приватни и професионални колекционери. Колекцијата вклучува не само облека, туку и додатоци, чевли, шапки, накит, ракавици…

bad girls (1)

Според вас, колку е важна костимографијата во филмовите за да се долови ликот, во случајов женскиот, во раскажувањето на приказната и за целосниот визуелен изглед на одреден филм? Колку облеката е важна за градењето на ликот?

Костимот е пресуден за градењето на ликот и неговото паметење и го потенцира и конкретизира ликот временски и наративно. Нам ни беше битно да избереме ликови чии костими започнале трендови и се култни до ден денес и се постојана референца во модата. На пример, ликот на Кентрин Денев (Северин) во „Убавицата на денот“ на Буњуел.

Дали вклучивте некој лик од македонската кинематографија?

Ни беше особен предизвик да вклучиме македонски филм и ја избравме Делфина од истоимениот филм. Нејзиниот костим е реинтерпретиран на невообичаен начин што публиката ќе може да ја види во петок.

bad girls (2)

Сандра, подолго време живееш во Берлин и работиш како стилистка и колекционерка на винтиџ облека, што те привлече со ова да се занимаваш? Какви облека пронаоѓаш и зошто е важно таа да се реупотреби, повторно да се носи? Кој е шармот на винтиџ облеката?

Сандра Шевандо: Со винтиџ облека се занимавам поради магијата на облеката, нејзината моќ да трансформира и да даде поинаков став на оној што ја носи, да упати на време, општествен статус итн. Доаѓам од светот на уличниот перформанс каде што клучен фактор во градењето на ликот или шоуто е костимот. Уште тогаш започнав да наоѓам винтиџ парчиња и да ја градам мојата колекција и подоцна започнав со продажба најпрвин во Италија, па во Берлин пред сѐ, затоа што консумирањето на винтиџ облеката е етичко и одржливо и ги спасува овие фасцинантни парчиња облека од заборав.

Драган зошто одлучи да се вклучиш во проектот и кој е предизвикот да работиш со винтиџ облека од различни стилови кои се поинакви од твојот дизајнерски израз?

Драган Христов: Веднаш одговорив позитивно на поканата од Марга, затоа што работата со тимот на МКЦ е секогаш беспрекорна, а работата на Сандра ја познавав подолго време и ми била отсекогаш интересна. Сакам винтиџ облека затоа што е богата со референци и ја претставува културата на времето во кое била создадена.

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

  • page0 5 интервју

    Интервју со модната дизајнерка Ивана Кнез: Тенка е границата помеѓу лудило и храброст овде

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics