Центарот на Скопје викендов беше поместен во Скопје сити мол, каде се прославувше четвртиот роденден со видна возбуда и еуфорична атмосфера.
Само на 1 октовмри, првиот ден од роденденското славење беа регистрирани над 40.000 посетители во само еден ден.
Богатата програма, музика, бесплатни коктели и колачи, огромните попусти и подароци и присуството на многу познати личности го преполни Скопје сити мол само во првиот, од четирите роденденски денови полни со изненадувања за потрошувачите.
Настапите на култните „Нокаут“ и на хрватската поп-изведувачка Данијела Мартиновиќ го исполнија пладнето и ноќта со дополнително задоволство, што потрошувачите го искористија за шопинг до полноќ.
Скопје сити мол и денес ги очекува сите посетители на роденденската дружба и забава!
Нема коментари