Модната куќа „Луј Витон“ ја откри соработката со уметникот Џеф Кунс, познат по својата кич естетика и банализирање на популарната култура, која што резултираше со линија на чанти и модни додатоци со мотиви на големите сликарски мајстори. Кунс ги рекреира познатите дела на Да Вичи, Тицијан, Рубенс, Ван Гог на моделите на чанти со LV лого и на марамите на брендот. Но сликите не се само репродукција на познатите уметнички дела врз чантите на „Луј Витон“, туку се базирани на сликите на Кунс од серијата Gazing Ball, на кои тој всушност рачно ги репродуцира старите мајстори. Оваа соработка е нешто како репринт на репринт, но со оваа модерна интерпретација на иконски уметнички дела, модната куќа и Кунс сакаат да ја доближат и современата уметничка публика до модните произоди и притоа да се истражат можностите за поврзување на низ лекциите по уметност.
1 коментар