Том Форд ја отвори Њујоршката модна недела со колекција за пролет-лето 2018, испраќајќи претходно покани заедно со шишенце од новиот парфем, безобразно наречен Fucking Fabulous. Форд се враќа на пистата во Њујорк по пауза во која го сними феноменалниот филм Nocturnal Animals, со колекција во која доминираат сребрени светки, мини здолништа и припиени форми, отворено деколте и нагласени раменци, совршено скорени сако и елегантни панталони, палета од црна, бела, портокалова, жолта, кобалтно сина и розови тонови меѓу кои главна улога има нијансата што Скјапарели ја нарече шокантно розова.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари