Додека се излежувате на плажа доволен ви е само костимот за капење, дополнително шапка и очила за сонце. Но, што да облечете додека одите накај плажа, додека пиете коктел во некој бар на плажа или додека сте на некоја дневна забава на плажа?! Постојат неколку опции – кафтан или некоја наметка во стилот на кимоно, летен фустан од памук или лен, комбинација од шорц и маичка без ракави. Од модни додатоци тоа се веќе спомнатите очила и шапка, но и голема сламена или платнена торба, апостолки, трендовски кожени влечки или лежерни ниски сандали, парео марама или мала марама во коса.
Нема коментари