Во моментов таа е една од дамите со најстил, нејзиниот бренд Attico за кусо време ги освои љубителите на модата, активна е како блогерка, стилистка, уредничка на италијанскиот магазин Grazia, модна консултантка, а сега Италијанката Гилда Амбросио се појавува и како модел во новиот едиторијал на шпанскиот бренд Uterqüe. Сестринскиот бенд на популарниот „Зара“ се смета за најбрзо растечкиот во групацијата Inditex и совршено одговара на оние што се модно освестени и преферираа еклектичен микс во својот стил. Затоа сосема природно дојде соработката на брендот со Амбросио која во едиторијалот ги покажува омилените парчиња од колекцијата за есен-зима 2017/18 и го комбинира на свој начин. Нејзиниот избор се неколку топли јакни (авијатичарска, класичен беж капут и бундичка во боја), потоа ПВЦ мантил, костими во интензивна боја, миди здолниште во стилот на 70-тите, џемпери со швонести ракави, чизми над колена и впечатливи, долги обетки.
Нема коментари