Правејќи анализа на фотографиите на улична мода од последните седмици се забележува дека често се употребуваат комбинации на база на една боја и сличен тоналитет. Оваа тенденција можеби не значи збогување од изгледите во кои се мешаат различни бои и принтови, но сигурно е одмор од екцсентричните споеви на неспоиви шари и слични модни игри. Неутралните тонови и нијансите на сива боја се секогаш добар избор, но ако сакате да бидете впечатливи изберете комбинација во жар црвена боја или некоја нијанса од палетата на сината, без разлика дали е тоа е интензивно тиркизна или кобалтно сина.
Нема коментари