Во топол и колоритен амбиент во Мерида, Мексико е снимен новиот едиторијал на брендот за жени со облини, Violeta by MANGO. За претстојната сезона пролет-лето 2018 понудени се трендовски модели со етно и ретро инспирација, во вчеталиви нијанси на жолта, сина, розова и црвена, со актулени кроеви и ретро додатоци. Доминираа парчињата со точки и цветен дезен, а има и модели со карнери, каро-шара. Креациите ги носат Стела Дувал и Малена Соренсен, а фотографиите и видеото за кампањата ги сними Бил Џентл.
Нема коментари