Во време на пандемијата на коронавирус италијанскиот огранок на издавачката куќа Conde Nast воведе солидарна иницијатива и ги нуди своите изданија на списанијата Vogue, GQ, Wired, AD, La Cucina Italiana и Traveler бесплатно во следните три месеци.
Ако на пример сакате да го прочитате актуeлниот број на италијaнски Vogue, односно да ја симнете бесплатната копија, треба да ја имате апликацијата на Vogue Italia, потоа да кликнете Free Pass, да регистрирате свој профил и да ја внесете лозинката VOGUE4YOU. Апликацијата е достапна на App Store и на Google Play.
Италијанското издание на Vanity Fair исто така е беспатно да се земе во трафика или во дигитална форма преку апликацијата на списанието.
Нема коментари