• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
досие 0

Window Display Week: Приказни од излозите со Солин Дабовил од Париз

Од Катерина Трајановска · На мај 27, 2019

60628251_382550159027554_6519231863897194496_n

Како се декорираат излозите на продавниците?! Дали нивниот изглед го привлекува вниманието на купувачите?! Како излозите комуницираат со потенцијалните клиенти?! Како се креираат приказните за излозите?! Допринесуваат ли тие на целокупната визуелна култура на еден град?! Мноштво прашања и размислувања ни се отворија слушајќи ја Солин Дабовил на мастеркласот „Window Displays: A Story to Tell“ што неодамна се одржа на Технолошко-металуршкиот факулет во Скопје. Нејзиното излагање беше непроценливо и таа на маестрален начин раскажуваше како се гради приказната на еден излог, низ примери од нејзиното портфолио, но и од колегите „креатори на излози“ кои ѝ оставиле впечаток.

201710soline-vogue-interview-p1-1-1

Солин во француски Vogue за соработката со Piaget

Овој мастерклас е само една од активностите на проектот „Недела на излозите“, зад кој стојат три креативки – дизајнерката и професорка Лидија Георгиева, архитектката Искра Јанковска Михајловска и модната теоретичарка Кристина Глигоровска. Нивниот проект „Недела на излозите“ (Window Display Week), прв ваков проект кај нас и веројатно пошироко, има за цел да ја крене визуелната култура во нашиот град. Според агендата на WDW, после две изклучително интересни предавања, со Дабовил и претходно со Александра Оленска, и после неколку работилници што се планираат за следниов период, завршницата на овој проект ќе ја видиме во ноември годинава, на неколку излози на улица Македонија во Скопје, на кои ќе работат групи од млади дизајнери и архитекти кои можат да се пријават за учество.

solin

Но како се станува „визуелен мерчендајзер“?

-Не постои специјално школо за „визулни мерчендајзери“. Повеќето од нас визулени дизајнери се архитекти, модни дизајнери, дизајнери на ентериери, графички дизајнери. Не постои официјално школо. Сите овие области ставени заедно можат да дадат одличен резултат. И што е уште поинтересно, не постои модус за креирање излог, секој проект е различен, клиентите различно размислуваат и не постои единствен пат за да се постигне резултатот – вели Солин која подолго време се занимава со осмислување излози на продавници.

Французинката Солин Дабовил (Soline d’Aboville) е светски позната дизајнерка и сценографка на излози, креаторка на некои од најкреативните излози во светот. Работела за најпрестижните модни и брендови на луксузна роба како Cartier, Louis Vuitton, Hermès, Dior , Vacheron Constantine, Clarins, Piaget… Во 2008 година во Париз ја основала својата агенција Мanymany, која специјализира сценографија и визуелен мерчендајзинг, развива индивидуализирани и коплексни излози секаде во светот, и тоа за најпрестижни компании.

2019_hermes-janviermichelgiesbrecht_01

Излог на Hermès инспириран од песна на Жак Превер

Солин на предавањето во Скопје низ повеќе примери ја објасни оваа професија, која е важна визуелна алатка во позиционирањето на еден бренд и градењето на неговиот визуелен печат. Вели дека креативниот процес на осмислување излог се состои од три чекори – да научиш што треба да презентираш, да ја развиеш приказната и да ја реализираш. Важен е брифингот со клиентот, како и тоа визуелно преку цртежи и рендери да ѝ им се прикаже креацијата за да ја одобрат. Буџетите се различни во зависност од брендовите и опфатот на проектот. Временски, големите брендови како „Луј Витон“, „Ермес“ и „Шанел“, изгледот на излозите го нарачуваат шест месеци, понекогаш и една година однапред. Ама Солин ни откри и дека се случува проектот да се смисли и реализира во рок од само во неколку дена, како што ѝ било искуството со еден проект за брендот за луксузни часовници Vacheron Constantin. Поради сплет на околности било потребно да се осмислат и реализираат излози во рок од една недела и тоа со мал буџет. Затоа е важно мудро да се смислува темата, но и да се внимава како се трошат парите од буџетот.

boucheron

Излог на Boucheron

-Добар излог се постигнува ако имате добар тим, ова не е професија за еден човек, туку е тимска работа. Сè треба да се одвива смирено, флуидно и без хистерија (се смее) – ни објасни Солин и ни раскажа како може да се употребат боите, осветлувањето, графиките, хајтек-технологијата. Понекогаш излозите се прилично концептуални или направени во соработка со познати уметници, но некогаш wow-ефектот се постигнува со едноставна идеја или минималистички пристап.

51ffbdb0ca04df0de18ee5755523ea03

Инсталација од хартија во туристичка агенција

-Треба да се има контакти со различни компаниi и работилници кои ќе работат на реализацијата на смислениот излог. Посетувам професионални шоуа, потоа во Париз два пати годишно одам на саем на артисани и занаетчии кои рачно изработуваат предмети. Важно е да бидете во контакт со вакви креативци, бидејќи можете да ги ангажирате во некој проект. Исто така треба да бидете постојано информирани. Секојдневно добивам билтени со информации за модата, ентериерот и други полиња сродни за оваа работа. Можеби не стигнувам сè да прочитам, ама барем ги научувам најпотребните работи што треба да ги знам – вели Солин.

Еден од поинтересните и повозбудливи проекти на кои што работела Дабовил е мал излог внатре во една продавница на „Луј Витон“, на која чантите на модната куќа се 3Д испринтани и врз нив се проектира видео инсталација. Поточно, на чантите се проектираат разни бои и принтови карактеристични за моделите на LV чанти. Овој нејзин концепт беше прилично забележан.

Не постојат трендови во оваа работа, иако излозите како и модните колекции имаат ритам на промена. Но, се забележува една тенденција на целење кон одржливост на која сè повеќе брендови се посветени. Солин вели дека клиентите им испраќаат листи на материјали кои што треба да се избегнуваат, а компаниите како Clarins, Hermès и L’Occitane многу внимаваат на излозите да бидат еко-пријателски. Таа вели дека во оваа насока се оди на реупотреба на материјали и рециклирање, а материјали кои што можат да се рециклираат се хартија, пластика и стар текстил. Таа самата многу ја сака хартијата како материјал, иако клиентите понекогаш ја избегнуваат од страв од пожар. Ни покажа повеќе примери на излози во кои употребила хартија, превиткувајќи ја за да добие излед на оригами фигури или сечејќи ја ласерски за поголем ефект.

2-6

Во портфолиото на Солин се повеќе проекти за Hermès

Напомена дека во нејзиниот тим често има стажанти и млади луѓе, ама слободно место има дури во јули следната година. Но, ете идеја за нашите млади дизајнери и архитектни кои уште сега можат да почнат да размислуваат за стаж во агенцијата на Солин. Таа рече дека постојано е отворена за соработка со школи и млади луѓе, бидејќи нивните идеи се свежи и оригинални. Таа нагласи дека вообичаено креирањето излози е вносна професија, излозите се менуваат барем на секои шест месеци и тоа значи дека секогаш ќе има работа.

4810fe78bfb40ee7df372b3c5ebc5400

Темата Overseas во излог на Vacheron Constantine

Но, како е кај нас?! Како се декорираат излозите, го красат или го огрдуваат Скопје и ја заборавивме ли професијата на аранжирање излози. Тимот од „Недела на излозите“ (Window Display Week) сакаат да ја раздвижат професијата аранжер на излози (во модерниот јазик window merchandising), да ја поттикнат соработката меѓу младите дизајнери и архитекти со што би се овозможила стабилна платформа за нивна понатамошна афирмација и третата цел е сензибилизација на граѓаните на Скопје кон нивната околина и животна средина.

Доколку имате интерес за овој проект, може да го контактирате тимот на windowdisplaysweek@gmail.com.

1c2ac72cbda0765e1d9e765bbefc8fb7
a5489ed7d8ecb33aa83fd3cbf7f86ab8

f8fb841f0404a65e5b7998d974b52faf

 

d398de81211d52b03f0210c80f9ae75b

Window Display WeekWindow Displays: A Story to Tellдизајн на излозиИскра Јанковска МихајловскаКристина ГлигоровскаЛидија Георгиевамодно предавањеНедела на излозитеСолин Дабовил
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • popust досие

    Што да купите на попуст

  • met-gala-2019-camp досие

    Мет Гала годинава на тема кемп-естетика

  • PARIS MEN F19 досие

    Париската недела на машка мода низ видеа

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ana de armas

    Францускиот боб на Ана де Армас најавува еден од трендовите на фризури за 2021

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • iris van herpen

    Iris Van Herpen: Roots of Rebirth Collection

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 3

    Седум идеи со широко карирано сако за овој март

    март 1, 2021
  • handmaids tale

    Нов трејлер и конечен датум за четвртата сезона на Handmaid’s Tale

    март 1, 2021
  • bienale

    МСУ со отворен повик за престојното 13. Биенале на млади уметници

    март 1, 2021
  • GOLDEN GLOBES

    Црвениот килим на „Златен глобус“ годинава во виртуелен формат

    март 1, 2021
  • united fashion showroom

    Oбединети балкански дизајнери на шоурум со триесет европски брендови

    февруари 26, 2021

Убавина

  • ECNERIN UreaRepair

    Уреа – ефикасна состојка која се грижи за нега на сувата и груба кожа!

    февруари 24, 2021
  • BeautyFridge

    Кои козметички производи треба да ги чувате во фрижидер

    февруари 11, 2021
  • dior rouge (1)

    Натали Портман во новата кампања за кармините на Dior

    февруари 2, 2021
  • 1 guerlain

    GUERLAIN: Ајде да зборуваме за природна убавина

    јануари 28, 2021
  • EUCERIN Hyaluron_Filler_Skin_Refining_Serum

    Eucerin Hyaluron-Filler Серум за намалување на порите: За кристално сјајна кожа и по првите знаци на стареење

    јануари 27, 2021

Живот

  • Baked-Feta-Pasta

    ТикТок рецепт: Тестенини со потпечено фета сирење

    февруари 18, 2021
  • maldivi

    Хотелот Waldorf Astoria на Малдиви има најдобра Инстаграм содржина според Forbes

    февруари 17, 2021
  • chloe ting

    ФИТ ФОРМА: Вежби за тенок струк и заоблен задник

    февруари 16, 2021
  • Iqos 4 (1)

    IQOS – алтернатива за возрасните пушачи развиена врз база на научни докази

    февруари 8, 2021
  • nikotin 2

    Зошто пушиме – навика, зависност или да се биде во тренд?

    февруари 3, 2021

Култура

  • handmaids tale

    Нов трејлер и конечен датум за четвртата сезона на Handmaid’s Tale

    март 1, 2021
  • bienale

    МСУ со отворен повик за престојното 13. Биенале на млади уметници

    март 1, 2021
  • vanity fair (1)

    Светот на фантазијата во холивудското издание на Vanity Fair

    февруари 24, 2021
  • daft punk

    Крај на една музичка ера – Дуото „Дафт Панк“ најави разделба преку видео

    февруари 23, 2021
  • Emma-Stone-Red-Dress-in-Disney-Cruella-Trailer

    Ема Стоун како Круела де Вил – амбициозна дизајнерка со панк-рок стил

    февруари 19, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics