Рут Нега и Џоел Еџертон ги глумат главните улоги во филмот Loving, тажната приказна за Милдред и Ричард Ловинг, и нивната повеќедецениска борба за признавање на нивниот повеќерасен брак во 50-тите години во Вирџинија, а оваа драма веќе има доста позитивни критики и предвидување дека актерите може да бидат наградени со Оскар. Но, Рут и Џоел се и новите миленичиња на модната индустрија, и една од стилистичките стории е фотосесијата за ноемврискиот број на Vogue US. Романтичната фотосесија ја потпишува фотографот Марио Тестино.
Нема коментари