Во рамките 31-то издание на Fashion Weekend Skopje се одржа добротворната модна аукција „Fashion with a Cause“ иницирана од Фондацијата Конект
Во соработка со Фондацијата Конект и со поддршка од Амбасадата на Франција во Скопје, третата добротворна модна аукција уште еднаш ја потврди идејата дека модата може да биде акт на човечност.Благодарение на солидарноста и великодушноста на гостите и учесниците, беа собрани 200.500 денари, наменети за:Мрежа на доброволни противпожарникарски друштва – за заштита на шумите и урбаните заедници; ИМКА Битола – едукативни програми за млади; Отворете ги прозорците – поддршка на деца со попреченост преку нови технологии; Палиум – прва изнајмувачница на помагала за лица со рак.
На аукцијата беа претставени дела од 23 македонски дизајнери, уметници и занаетчии, меѓу кои: Никола Булески, Александар Стојанов – Зорин, Никола Ефтимов, Morpho Jewellery (Александра Ристовска), Лидија Георгиева, Изет Цури, Ирина Тошева x Народни носии, Made in Идризово, ЕСНАФ, Мирјана Јосифовска, Љубица Буба Мешкова Солак, Алшар (Силвија Михајловска), Marcy’s Handmade, Терзија (Наталија Терзијоска), M Art Gallery (Марта Поп Антоска), Олгица Ѓорѓиева, Катерина Тошева, Билјана Силјановска Be., MilkDesign (Антонија Гугинска Јорданоска), Снежана Ефковска, Ивана Груевска, Радмила Давидовиќ Настев и 11i11saat.
Настанот го водеа Ана Зафирова и Огнен Јаневски, а вечерта ја отвори Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект.Во публиката беа присутни амбасадорите на Франција, Словенија, Словачка и Хрватска, како и бројни претставници на институции, медиуми и модната заедница.Вечерта заврши со DJ сет на Ind Og и тивка аукција – во атмосфера на елегантна филантропија.




































Нема коментари