• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Културно-едукативниот центар „Лабораториум” го прославува првиот роденден со активности низ целата недела

Од stylist @StylistMKD · На декември 3, 2024

bday final

Оваа цела недела едукативно-културниот центар Лабораториум ќе го одбележи својот прв роденден со повеќедневна и разновидна програма, што ќе започне во вторник (03.12), а ќе трае сѐ до недела (08.12). Програмата по повод роденденот отсликува дел од проектите кои Лабораториум ги имаше во изминатата година, разновидни, необични и активни.

Програмата започнува со хуманитарниот настан “Giving Tuesday“ во соработка со центарот за социјални иницијативи „Надеж” кој има за цел да ја подигне свеста на младите во нашата земја за важноста на реупотребата на користената облека и
аксесоари.

Среда е резервирана за “All star- Jam session“! Прослава на неделниот проект „Експериментален џем“ на Лаб, со отворена покана кон сите артисти и музичари кои биле гости изминатата година. Ги покануваме заедно да создадеме импровизиран концерт!

Четврток е посветен на локалните крафт производители и млади DJ. Гости на настанот ќе бидат Темов, Пиволабс, Белеза, Вајт Риџ џин, Плетварски ракии, В’к ракии, Мирон вино и ракии, Ерос вино, Брзанов вино, Бак, СмидЏин. За музичкиот дел ќе се погрижи диџејското дуо „D.I.K.”

Викенд агендата за роденденот на Лабораториум започнува со нова иницијатива на културно-едукативниот центар, “Social Friday” наменета за заедницата и локален активизам. Лабораториум ќе ја пренамени оградата на “Lab Café” во автобуска станица на постојката „Европски Универзитет”. Утрото исто така го посветуваме на повозрасните граѓани, на кои ќе им се понуди, платформа и простор за формирање на сениор клуб во рамките на Лаб, место каде нивните идеи и желби ќе бидат сослушани и реализирани.

Вечерната викенд програма започнува со најава за највозбудливиот проект на Лабораториум до сега – новото онлајн радио „Стереолаб”. Ова ново радио има цел да промовира нова независна македонска музика, но исто така ќе негува стари и нови музички тенденции од целиот свет. Диск Џокеи ќе бидат Илина Ангеловска и Ивана Драгшиќ, придружени со перформанс на „Александар Велики“ – Гачо.

Сабота ќе започне со детското катче, каде на најмладите Лаб ќе им понуди неколку забавни, интерактивни и едукативни проекти. Програмата ќе вклучува интерактивна работилница за репарација на играчки со кои потоа ќе се импровизира куклена
претстава, ќе има работилници, детско музичко шоу и „мини диско”.

Во вечерните часови, следува филмската вечер, каде покрај проекцијата на македонскиот филм „Домаќинство за почетници” во режија на Горан Столевски, ќе се одржи и филмски квиз и забава со филмска музика!

Големото финале на 08.12 ќе биде крунисано со Отворен ден во Лабораториум – целодневна програма дисперзирана на повеќе катчиња во халата – ликовна уметност, театар, игри, спорт, печатење на “Lab merch” во живо, како и повеќе музички настапи на големата и малата сцена во „Лабораториум”. DJ сетови ќе имаат Јанко петел јаваше, DDs, Disco Ninja, Double G, а во живо ќе настапат M! и KEM. Настанот во недела ќе трае од 13:00 часот до 01:00 часот.

Лабораториум ги поканува сите да бидат дел оваа прослава на годишнината од креирањето на културно-едукативниот центар.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • zizel културен водич

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

  • 1 културен водич

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

  • novogodisen bazar културен водич

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • ?????????????????????????????????????????????????????????????

    „Една љубов, безброј подароци” – Од денеска базар по повод Денот на вљубените во Скопје сити мол

    февруари 11, 2026
  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics