• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Со промоција на новиот роман на Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, вечерва почнува второто издание на „Видик“

Од stylist @StylistMKD · На април 2, 2025

vidik

Второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“ ќе почне вечерва (2 април, среда), во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, со промоција на најновиот роман од писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“.

Промоторка на книгата, која е во издание на „Арс Ламина“, ќе биде Илина Јакимовска, а извадоци ќе читаат актерките Катерина Коцевска, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Симона Димковска.

Со иновативен спој на повеќе области на културата, фестивалот „Видик“, кој ќе се одржи од 2 до 16 април 2025 година, во организација на „Литература.мк“, отвора нови културни видици, давајќи значајна поддршка на авторите од сите области на културата.

Во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржат 15 настани, кои ги обединуваат литературата, музиката, театарот и уметноста, давајќи значајна поддршка на авторите од сите области на културата. На програмата се промоции на книги, музички настапи, театарски изведби, изложби на фотографии и илустрации, проекции на документарци и мултимедијални презентации.
Утре (3 април, петок), во 20 часот ќе се одржи театарската претстава „Лекција“ од Ежен Јонеско, со Јовче Пандев, Калина Велковска и Маја Ѓурчевска во главните улоги.

Долгоочекуваната книга посветена на Ѓорѓе Балашевиќ, „Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ, ќе биде промовирана на 4 април (петок) во 20 часот. Промоторка на македонското издание на книгата ќе биде Бисера Бендевска. Во продолжение ќе се одржи музички настап со песни од Ѓорѓе Балашевиќ, во изведба на бендот Rumble Acoustic во состав: Трајче Стојанов и Александар Јовановски.

Младата македонска музичка ѕвезда во подем Дина Јашари ќе одржи концерт на 5 април (сабота), во 21 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Јашари ќе настапи со музичарите Андреа Мирческа, Драган Теодосиев и Лука Тошев.

В недела (6 април), во 14 часот, ќе се одржи театарската претстава за деца „Магичната флејта на Вулфи“, во која настапуваат: Тина Иванова, Дијана Имери-Илкоска, Дино Имери и Будимка Имери.

Програмата продолжува на 8 април (вторник), во 19 часот, со изложбата „Соѕвездие на детските сни“, со илустрации од Ване Костуранов. Мултимедијалниот настан ќе го води Бисера Бендевска. На 9 април (среда) во 19 часот, ќе се одржи промоцијата на четвртиот роман на Моџо Килингтон – „СФ-СН“ во издание на „Арс Ламина“. Промоторка на книгата ќе биде Оливера Ќорвезироска.

Наредниот ден (10 април, четврток) во 21 часот на програмата е концерт на „Симеон Ангеловски квартет“ во состав: Симеон Ангеловски, Иван Иванов, Давид Горгиев, Андреј Петровски. На 11 април (петок), во 20 часот ќе биде одиграна монодрамата „Сите најубави нешта“ со Игор Ангелов, во режија на Дејан Пројковски.

Под наслов „Патување низ звукот на корените“, на 12 април (сабота), во 21 часот ќе се одржи концертот на Зарина Првасевда – македонската артистка и вокална изведувачка, што исполнува македонска и светска традиционална музика.
В недела (13 април), во 14 часот ќе биде одиграна театарската претстава за деца „Себастијан и sвездите“ со Тина Иванова и Дијана Имери-Илкоска.

На Светскиот ден на уметноста, 15 април (вторник), во 19 часот ќе се одржи вечер посветена на уметникот Киро Урдин. На програмата се проекција на документарецот „Планетариум“ и изложба на фотографии и афоризми од Урдин.

Второто издание на „Видик“ ќе биде затворено наредниот ден (16 април, среда) во 20 часот во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, со промоција на сонетниот венец „Часови без часовник“ од Владимир Мартиновски, во издание на „Арс Ламина“. Книгата ќе ја претстават Оливера Ќорвезироска и Анастасија Ѓурчинова. На настанот ќе има поетско читање со Биљана Стојановска и Мартиновски, како и изложба на негови слики кои се дел од оваа книга.
Во продолжение ќе се одржи музичкиот настан „Џез, буки, веди“ на „Јани Костурски квартет“. Во составот настапуваат Јани Костурски, Филип Димишковски, Зоран Павловски и Павел Ренџов, а специјален гостин ќе биде Трајче Велков.

Фестивалот ќе има хуманитарен карактер, имено, средствата од продадените билети за музичките и театарските настани ќе бидат наменети за настраданите во несреќата во Кочани.

Присуството на музичките и на театарските настани е со влезници и со резервации на 070 391 100. Влезниците се достапни на www.literatura.mk и во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Со секоја влезница следува подарок.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • zizel културен водич

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

  • 1 културен водич

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

  • novogodisen bazar културен водич

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • ?????????????????????????????????????????????????????????????

    „Една љубов, безброј подароци” – Од денеска базар по повод Денот на вљубените во Скопје сити мол

    февруари 11, 2026
  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics