• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Музички „Земјотрес“ со 20 изведувачи на три сцени во МКЦ

Од stylist @StylistMKD · На февруари 24, 2025

poster zemjotres13

На 1 март во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи 13-то по ред издание на ФЕСТИВАЛОТ ЗЕМЈОТРЕС, единствена музичка платформа во земјава, која ја претставува најновата музика издадена од македонската алтернативна сцена на талентирани автори и музичари. Уникатен во концептот, како целовечерен настан од голем обем, фестивалот нуди разновидна и богата програма. Во фокус ги става младите и надоаѓачки таленти, овозможувајќи простор и за веќе докажани музичари да претстават дел од својата најнова продукција.

И оваа година, фестивалот во МКЦ ќе понуди извонредна музичка програма на 20 музички изведувачи (бендови, соло музичари, продуценти и диџеи на електронска музика) на 3 сцени (сала 25 мај, фоајето на кино Фросина и МКЦ клуб). Единствен простор во градот кој може да вдоми во текот на една вечер 9-часовна музичка програма и прекрасна градска публика – безмалку две илјади посетители.

На ЗЕМЈОТРЕС 13 ќе настапи дел од најмладата и надоаѓачка музичка сила на бендови, соло изведувачи и електронски музичари, некои од нив со прв настап во живо. Од младата генерација ќе се претстават: Tsar Von Time (Битола), Nikartik (Штип), Елена Васова (Скопје), Љубен Дерибан ака L.O.V.D (Скопје), LV$T (Скопје), Lost in Reverie (Скопје), Мартина Пенева (Скопје), Ruststained (Скопје)и Анастазија Голчева ака Speysd (Скопје).

ZEMJOTRES-1

Со неколку изданија зад себе, веќе добро познати на публиката ќе настапат и Martix (Кочани), Grinsen (Скопје) и Fiction (Скопје). Тука се и ветераните на алтернативниот инди психоделичен рок Д.Н.О. (Скопје) кои ќе се претстават со нов албум. Помеѓу веќе признаените музичари, програмата ќе ја надополнат и џез составите Светлост и триото АУМ од Скопје. За првпат на Земјотрес ќе настапи музичко-поетскиот проект на Оливер Митковски и Адреја Салпе Поетроника (Скопје), чии настап во живо е музичко-прозно-визуелно доживување. Тука се и добро познатите YÖU (Скопје) со посебен израз на емо, панк и хард кор.

Помеѓу претставниците на електронскиот звук ќе настапат и Виктор Апо и енергичните Петков и Мораитов од ОВЦ колективот со „back to back“ сет од Скопје. И секако Нема Лабаво (Скопје) уште еден состав на музички ветерани, кои претходно членувале во бројни панк-рок состави, овој пат, водени од лидерот на бендот на Ѓоко Зафировски – Sean.

Кор тимот, кој стои зад ова издание на фестивалот се: Филип Тасевски, Виолета Качакова и Тејка Васиљевиќ.

„Фестивалот Земјотрес, кој има инди пристап на самоодржлива платформа, и зависи исклучиво од бројот на продадени билети, е единствен, не само во земјава, туку и во меѓународни рамки. Земјотрес е отскочна даска за најмладите музичари и им го трасира патот за понатамошен развој, видливост и можност за настапи на други фестивали. Земјотрес го започнавме пред 13 години заедно со Мирко Попов и во контекст на условите во кои функционира инди културата, за нас секое ново издание и континуитет значи успех. Затоа со голема љубов, ова издание му го посветуваме на Мирко, како човек кој неуморно работеше да создава нови простори за поддршка на домашната музичка сцена“, вели Тасевски.
Како мото на овој фестивал, организаторите искористија дел од песната „Последната битка“ на Попов/ПМГ Колектив, во која се вели „и да се опстане е победа“.

ZEMJOTRES-4

„Она што е карактеристично за македонската алтернативна музичка сцена е квалитетот и наедно континуитетот, кој го бележи секоја нова генерација музичари, или како што ги нарекуваме „нови бранови“. Секој нов бран има автентичен израз. Поривот за творење во состојба на релативна препознаеност во јавниот дискурс и речиси непостоечка поддршка во процесот на продукција и издавање на музика, е победа. Постоењето на овој фестивал веќе 13 години е резултат на оваа вибрантна сцена, која публиката ја препознава и почитува и доаѓа да ја поддржи секоја година со масовна посетеност“, вели Качакова.

Солидарноста и соработката се основите двигатели на Земјотрес.

„Иако кор тимот е составен од тројца, самата реализација подразбира вложување на уште 20-тина луѓе, вклучени во координацијата, техничката поддршка и промоцијата на фестивалот, како и грижа за негова безбедна реализација. Тимски работиме и со изведувачите на фестивалот, кои придонесуваат секоја година да имаме квалитетна музичка програма. Сите заедно сме дел од инди авантурата и предизвикот да реализираме уште едно успешно издание, верувајќи дека публиката ќе го препознае и поддржи, бидејќи од неа зависи неговата реализација“, вели Васиљевиќ.

Загревање во пресрет на фестивалот ќе се случи на 22 февруари во ноќниот клуб „Минус Еден“, каде со диџеј сет ќе настапат најмладите надежи Мик и Петел Јаваше. Влезот е бесплатен, а настанот почнува во 21 часот.

Билетите по пристапна цена за целовечерна програма од 20 изведувачи изнесува 500 денари, со 600 денари на денот на настанот. Билетите се достапни онлајн на bileti.mkc.mk или на билетарата на МКЦ. Програмата започнува во 21 часот и ќе трае од 04 часот по полноќ.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • zizel културен водич

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

  • 1 културен водич

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

  • novogodisen bazar културен водич

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • ?????????????????????????????????????????????????????????????

    „Една љубов, безброј подароци” – Од денеска базар по повод Денот на вљубените во Скопје сити мол

    февруари 11, 2026
  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics