Си замина еден од последните актери на златното доба на Холивуд. Спартак, Винсент Ван Гог, Док Холидеј се само некои од ликовите што ги глумеше на големото платно, но и самиот негов живот беше како филм. Роден пред 103 години во Амстердам, САД, како Исур Даниелович Демски, син на руски емигранти, на филмскиот свет му беше познат како Кирк Даглас. Со маркантен изглед и долга и плодна кариера со стотина снимени филмови, остави голем печат во филмската индустрија, но и наследник – неговиот син Мајкл Даглас, кој е исто така успешен актер и подуцент. Доживеа длабока старост, но преживеа и трагедии вo приватниот живот, смртта на едниот син и вечните проблеми со зависноста од наркотици скоро кај сите членови на Даглас семејството.
Нема коментари