• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со... 0

Последен повик за аплицирање на БЕАМ Фестивал

Од stylist @StylistMKD · На јануари 28, 2025

БЕАМ 2023-2

БЕАМ Фестивалот ги повикува сите заинтересирани да ги поднесат своите апликации најдоцна до 31 јануари 2025 година. Ова е единствениот фестивал во Македонија и регионот што ги наградува најдобрите настани и креативната работа на професионалците од индустријата за организација на настани.

БЕАМ започна во 2023 година како платформа што ја препознава и наградува извонредноста во организацијата на настани. Во претходните две изданија, фестивалот успеа да постави нови стандарди за креативност, иновации и професионалност, привлекувајќи учесници од различни сектори, меѓу кои се компании, агенции и институции.

БЕАМ е повеќе од фестивал – тој е признание за трудот, визијата и креативноста кои стојат зад успешните настани. Учеството значи дека сте дел од друштвото на најдобрите професионалци и креативни лидери во индустријата.

Оваа година, жирито составено од 22 врвни професионалци од креативните индустрии, маркетинг, PR и live комуникации, ќе ги оценува најуспешните проекти од 2023 година. Наградите ќе бидат доделени на свечена гала вечер во март 2025 година, каде што најдобрите ќе добијат признание за својата работа.

-Со БЕАМ создадовме платформа што ја препознава и слави креативноста, напорната работа и визијата на сите што стојат зад настаните. Учеството не е само натпревар – тоа е можност за поврзување, размена на идеи и инспирација. Оваа година очекуваме рекорден број апликации и со нетрпение го очекуваме моментот да ги откриеме победниците – изјави Маја Бабиќ, организатор на фестивалот.

БЕАМ нуди можност за пријавување во различни категории, покривајќи културни, корпоративни, музички, хуманитарни настани и многу други. Апликациите се отворени до 31 јануари 2025 година а процесот на пријавување е брз и едноставен. Сите детали за критериумите, правилата и категориите се достапни на www.beamfestival.mk.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • KID-EXPO--poster животен стил со...

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

  • 1 животен стил со...

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

  • Women in tech & Metergram (1) животен стил со...

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • 1 Irina Tosheva workshop

    Мода што трае: 31. Моден викенд Скопје започна со приказни за создавање, поправка и повторно раѓање на стилот

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • mugler6

    Грациозната Џоја во светска кампања за L’Oréal x Mugler

    октомври 13, 2025
  • ????????????????????

    Модата како јазик на промените – Моден викенд почнува на 29 октомври

    октомври 9, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025

Култура

  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics