Првата ревија на Гучи на својата стогодишнина наречена Aria, се одликува со празничен и светкав изглед, како и со „обединување“ со сосема друг бренд – Баленсијага. Спротивно на популарното верување, Gucci Aria не е целосна соработка со Баленсијага, како што се шпекулираше претходно. Баленсијага навистина се појавуваат на пистата на креативниот директор на Гучи Алесандро Микеле и, за изненадување, резулатот е епски.
Според брендот, оваа одлука беше дел од визијата на креативниот директор Микеле за „хакерска лабораторија“, во која тој експериментираше со упади и контаминации на пистата. Со други зборови, тој избра дизајни на Демна Гвасалија од Баленсијага, за да ги вклучи во прославата на стогодишнината на луксузната италијанска модна етикета Гучи. Па затоа се појавуваат креации кобрендирани со логоата на Гучи и Баленсијага. Микеле направи и омаж на Том Форд, дизајнерот кој беше креативен директор на Гучи од 1994 до 2004 година.
Нема коментари