• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
филм 0

„Војна на ѕвездите: Последниот џедај“ во скопските кина

Од stylist @StylistMKD · На декември 13, 2017

last-jedi-poster
На два дена пред проекциите во САД во скопското кино „Синеплекс“ денеска пристигнува претпремиерата на осмото продолжение на сагата „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“. Филмот ќе биде прикажан во вкупно 17 дневни термини. Поради големиот интерес, картите беа пуштени на еден месец пред закажаната премиера. Од 14 -20 декември во 3Д формат секој ден може да се погледне во: 15:00, 16:30, 18:00, 19:30, 21:00, 22:30 а за време на викендите закажани се термините: 12:00, 13:00, 15:00, 16:30, 18:00, 19:30, 21:00, 22:30. Во 2Д верзија воработната неделаможе да се погледне 15:45, 17:15, 18:45, 20:15, 21:30, 21:45, 23:00, а за време на викендот во 15:45, 17:15, 18:45, 20:15, 21:45. Филмот од петок е на репертоарот и на градското кино „Милениум“ со почеток во 20 часот.

StarWarsJedi1-1

Режисерската палка овој пат ја превзеде Рајан Џонсон, а зад музиката и понатаму се потпишува познатиот Џон Вилијамс. Од актерските имиња повторно ги гледаме Дејзи Ридли во насловната улога, Кери Фишер и Марк Хамил како легендарните брат и сестра, потоа Џон Бојега и Оскар Исак како познатите ликови од претходниот филм „Силата се буди“, и Адам Драјвер како негативец. Самата содржина на филмот е строго чувана поради што не е објавено никакво објаснување за насловот на филмот, за кој некои сугерираат дека се говори за еден последен џедај, а други велат дека се работи за повеќе! Она што е интересно е дека интригантната приказна станува уште покомплицирана – по влегувањето во светот на џедаите, на Реј (Дејзи Ридли) и се придружува Лук Скајвокер во откривањето на мистеријата – Силата и тајната на минатото.

Star-Wars-The-Last-Jedi-villains

ТЕМНАТА СТРАНА НА ПРИКАЗНАТА
Секоја добра бајка, па така и оваа, мора да има и темна страна. И овој пат, на темната страна се наоѓа Кајло Рен, кој не шокираше во минатиот филм кога во двобојот го уби својот татко, на повеќето омилениот карактер на Хан Соло. Неговата внатрешна борба помеѓу светлата и темната страна продолжува и во ова продолжение. Ќе дознаеме дали грижата на совест ќе го однесе назад во светлата страна или во потполност ќе се препушти на темната страна на Силата. Актерот Адам Драјвер коментира за својот лик: „Изгледа дека лузната која ја доби во борбата со Реј не е само физичка.“

StarWars_LastJedi

НОВАЈЛИИТЕ ВО ОВАА ВОНЗЕМЈАНСКА ТРИЛОГИЈА
Ниту овој филм не помина без познатите и славни фанови, овој пат дури и кралски! Во гостинската улога на Stormtrooper ќе се најдат принцот Вилијам и принцот Хари, а во силата на Првиот ред се придружува и Том Харди. Новата надеж во трилогијата се и Лупита Нионго, Бенисио дел Торо, Лаура Дерн и Гвендолин Кристи, најпознатата по улогата на Бриен од Тарт во „Игра на тронови“. Покрај актерско засилување, овој филм доби и уште едно многу слатко засилување! Во Последниот џедај ни се приклучуваат и суштествата наречени Поргови. Слатките вонземјанци уште од трејлерот ги освоија срцата на фановите ширум светот.

CineplexxStar Wars: The Last JediџедајЏон БојегаАдам ДрајверВојна на ѕвездитеДејзи РидлиКери ФишеркиноЛук СкајвокерМарк ХамилМилениумОскар ИсакпремиераРајан ЏонсонРејСинеплексСкопјефилм„Војна на ѕвездите: Последниот џедај“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2V7A7475 филм

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

  • megalopolis филм

    Програма на јубилеи во месец октомври во Кинотека

  • ??????????????????????????? филм

    Свечено доделување на „Златниот објектив” на Столе Попов

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • mugler6

    Грациозната Џоја во светска кампања за L’Oréal x Mugler

    октомври 13, 2025
  • ????????????????????

    Модата како јазик на промените – Моден викенд почнува на 29 октомври

    октомври 9, 2025
  • ???????????????????????????

    Во Штип ќе се одржи модниот настан Shtip Fashion Days 2025

    октомври 7, 2025
  • esenski bazar

    Есенски базар за поддршка на современите занаетчии

    октомври 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025

Култура

  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics