Францускиот институт во Скопје и Фестивалот Танц фест имаат чест да ве поканат на затворањето на 21. издание на Танц фест со иновативната и интерактивна танцова претстава MYSELVES, на француската група K. DANSE.
Настанот ќе се одржи во вторник, 13 мај, во 20 часот, во Македонскиот народен театар.
Оваа извонредна танцова претстава е дијалог помеѓу танчерот и неговите повеќекратни идентитети, отелотворени во визуелно и звучно единство. Танцовата креација ги вкрстува современиот танц и дигиталната уметност, прикажувајќи интеракција помеѓу изведувачот и неговите многубројни лица низ најразновидни трансформации.
Со употреба на телесни и оптички сензори, танчерката нè внесува во единствено ументичко искуство каде површините за проекција стануваат портали кон невидливото, а виртуелните идентитети на изведувачот се појавуваат и исчезнуваат.
Ова единствено уметничко доживување е добар повод сите љубители на современиот танц и дигиталната уметност да го посетат овој танцов настан.
Нема коментари