• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

What feeds your imagination: Моден викенд Скопје ја откри програмата на 17-тото издание

Од stylist @StylistMKD · На март 19, 2018

FWSK_SS_18

Седумнаесеттиот Моден викенд Скопје од 30 март до 1 април ќе биде домаќин на најновите дизајнерски колекции, во една од најстарите културни установи во Македонија, Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“- Скопје.

Сезоната пролет-лето под слоганот „What feeds your imagination“ ќе ја отвори ревијата на дизајнерите Роберт Ивановски и Евгенија Зафировска со колекцијата „Архитектура во движење.“ Вечерта ќе продолжи со авангардната колекција на „КALI ROSE by Katarina Luka“ надополнета со аксесоари. Потоа ќе следува ревијата на „Zana Aliu showroom“ и колекцијата „Red&The spectrum“. Истата вечер за прв пат ќе можете да ја погледнете и ревијата на „Fingerprint“ и нивната колекција „Macedonian beauty”.

Крајот на првата ревијална вечер ќе продолжи со забава на истата локација со диџеј Славе. Втората вечер ќе започне со заедничка ревија на студентите од Факултетот за арт и дизaјн при ЕУРМ, наречена „Text me“ за пролет-лето 2018. Потоа публиката ќе ги види колекцијата на „BERNASARACI“ од Косово наречена „0000“ и најновото од „Atelier Kocareva“ односно новите модели наречени „Boundless“. И за крај на вечерта креациите на „Pallada“ и колекцијата „El sueno“.

Последната вечер на Моден викенд Скопје пролет-лето 2018 ќе се одржи на 1 април и ќе започне со ревијата на младата дизајнерка Сара Реџиќ која го потпишува брендот „Sari Gi“. За прв пат на Моден викенд Скопје „Atelier Magdalena“ ќе ги претстави креациите од колекцијата „Будење“. Јагода Пачемска од арт-студиото „Фа-Бу“ со перформанс ќе прикаже нови уникатни креации изработени од свежо цвеќе.

Седумнаесеттиот Моден викенд Скопје ќе се затвори со ревијата на Олгица Ѓоргиева и нејзината колекција за пролет-лето 2018.

За време на тридневниот настан ќе бидат изложени девет креации на студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет кои веќе беа прикажани во Францускиот институт во Скопје . Студентите работат на тема инспирирана од француската кинематографија, под менторство на Лидија Георгиева – професор и дизајнер.

Најновата колекција на луксузниот македонски бренд „DIAS“ специјализиран за производи од кожа: Чевли, чанти, торби за патување и останати кожни додатоци, ќе биде достапна за посетителите во текот на целиот настан.

Официјално возило оваа сезона е „LEXUS.EXPERIENCE AMAIZING“. На настанот ќе го промовираат возилото од последната генерација на „Lexus LS 500h“ кое по завршувањето на настанот пет дена ќе биде достапно за тест возење.

Официјален партнер за фризурите на моделите и оваа сезона е „LAKME“ во соработка со Кристина Кики Серафимова. Дерма-бјути партнер на сезоната се „Vichy“. Официјален парфем оваа сезона е црвениот BU Passion – „Секој момент живеј го со страст. Празнувај го животот!“.

Наш партнер за убавина на седумнаесеттиот Моден викенд Скопје се Clarissa Professional “УБАВИНА ЗА СИТЕ”. Проектни партнери -МДН oбезбедување. За уникатна атмосфера и амбиент ќе се погрижат “Lux” and „Think“. Партнер на Моден викенд Скопје и омилениот гостин во сите семејства „Podravka“. Официјалното вино на сезоната доаѓа од винаријата „Камник“. Официјална водка на сезоната е „Absolut“.

Насловната за седумнаесеттата сезона е направена во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје. Заштитно лице е Мануела Гочевска од модната агенција „Подиум“ а за нејзиниот стајлинг се погрижи Mango- Fashion Group Macedonia, за шминката Зоран Шурбевски а за физурата „Lakme“ во соработка со Даниел Артевски. За фото и видео продукцијата беше задолжена Марина Трајковска а графичкиот дизајн на насловната го потпишува Дејан Зафировски.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • sarastoi моден монитор

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • fwsk

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

    март 30, 2026
  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

    март 28, 2026
  • 1oskar26

    ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

    март 16, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics