Најисчекуваниот црвен килим е оној на Оскарите, холивудска вечер во која не се вреднуваат само филмските квалитети, туку и модниот избор. На вчерашното доделување на филмските награди во Лос Анџелес, црвениот килим повторно како модна писта на која се мешаат класичен гламур, современ минимализам, личен израз, но и кич стајлизни и претерување во изгледот. Пред самото доделување на златните статуетки, фокусот e на модата на црвениот килим, а таа годинава во знакот на елегантни силуети и чисти линии, но и раскошни тоалети украсени со перја, кристали и светки, доминација на неутрални тонови, но и мала доза на интензивни бои, нагласен струк во креациите, но и флуидни форми. Кај мажите годинава доста интересно и надвор од границите на класичниот костум/ фрак – многу креативни машки комбинации, со акцент на накитот и вчетливите брошеви.






























Нема коментари