• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Четиринаесет модни презентации под мотото #Stopthetraffik на Моден викенд Скопје

Од stylist @StylistMKD · На октомври 18, 2017

FWSK image of the season 16 (1)

На 22 октомври во „Скопје Мериот Хотел“ ќе започне шеснаесеттиот Моден викенд Скопје на кој до 25 октомври публиката ќе може да види четиринаесет ревии и презентации, под мотото на сезоната #Stopthetraffik. Сезоната есен-зима 2017/2018 ќе ја отвори ревијата на „Papaz“ и колекцијата „Подем на гревот“ чии креации ги потпишува дизајнерот Андреј Папаз Ѓоргиевски. Потоа публиката ќе ја види најновата колекција на „Sigma Jewelry“, колекцијата „Маршот на боговите“ на Викторија Арсовска и за крај „Art deco“ на „Ателје Коцарева“. Веднаш по ревиите следува забава во „Дистрикт бар&ресторан“.
Вториот ден ќе започне со студентите кои се под менторство на дизајнерката Лидија Георгиева од „Институтот за дизајн и инжењеринг на текстил“ на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје. Од идеја за кожурец како прва фаза од развојот на пеперутка, преку
трансформација и финална фаза, 2017 година за студентите е одбележана како година во која континуирано се работи на тема Метаморфоза. Со ревијата ќе биде заокружен целиот метаморфозичен процес кој претрпел еволутивни промени низ три фази.
Следуваат ревиите на Сара Реџиќ и колекцијата „Bohemian rhapsody“, најновата колекција на
„Marsin“ наречена „Inside out“ која ја потпишува Марија Трајанова, за прв пат „Minna Fashion“ и колекцијата „Love the spark“, и за крај на вечерта „Drama Studio“ со колекцијата „Concept 2020“.

Programa FWSK AW 17-18

Претпоследниот ден на есенскиот моден викенд ќе го отвори ревијата на ателјето „Алшар“ и колекцијата „Калеш Анѓа“. Следуваат ревиите на „Walone fashion group“ и за прв пат српската дизајнерка Ана Трошиќ Трајковиќ со колекцијата наречена „42“. Вечерта ќе ја заокружи ревијата на „Shaleva Couture“ со колекцијата „French elegance“.
Шеснаесеттиот Моден викенд Скопје ќе биде затворен на 25 октомври во „Иновативниот центар на Македонски Телеком“ со мултимедијална презентација на Ирина Тошева поддржана од topsi.mk.
За време на Моден викенд Скопје во изложбениот простор ќе може да се види и колекцијата на „DIAS shoes and bags“, бренд кој се занимава со производство на ексклузивни кожни чевли и чанти и други аксесоари од кожа. „Ottimo handmade“ и оваа сезона ќе ги изложат уникатните пеперутка вратоврски.

 

press fwsk1

Моден викенд Скопје оваа сезона ја поддржува глобалната кампања #Stopthetraffik и #GlobalBlanket покрената од британската огранизација „STOP THE TRAFFIK“, придружувана од Националната Kомисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.
„Желбата да се сменат нештата во текстилната индустрија и неверојатната иницијатива да се
соберат милион квадрати од рециклирани парчиња текстил со кои ќе биде сошиена „глобална прекривка“ на свеста за нас беше предизвик на кој со задоволство одлучивме да му се
приклучиме. На #GlobalBlanket иницијативата се придружија и дизајнерите учесници со уникатен дизајн кој го испечативме и на маици за поголема видливост на поддршката која ја даваме“, вели тимот на Моден викенд Скопје.
Магдалена Несторовска, Национален координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција посочи дека „Оваа кампања е наменета како на работниците така и на работодавачите во текстилната и модната индустрија, со цел да ја препознаат трговијата со луѓе како форма на организиран криминал, која воедно претставува грубо кршење на човековите права, и правата на работникот, искористувајќи ги лицата како работна сила со употреба на несоодветни средства и методи како што е присила, измама или злоупотреба на нивната ранлива пололба и тешка економска ситуација, а со цел нивно експлоатирање во насока на остварување огромен профит. “

DSC_5578

 

- Во Мериот Интернационал ја поддржуваме и ја почитуваме борбата за заштита на човековите права. Затоа Мериот работи на градење и подигнување на свеста за теми поврзани со човековите права вклучувајќи ја и борбата против трговијата со луѓе.“, вели Хрипсиме Кузевска-маркетинг менаџер во Скопје Мериот хотел.
Генерален покровител и официјална вода на настанот е „Пелистерка“. Официјално возило оваа сезона е „LEXUS.EXPERIENCE AMAIZING“. Официјален партнер за фризурите на моделите и оваа сезона е „LAKME“ во соработка со „Студио Лили“. Официјален мејкап партнер „Shiseido“. Моделите оваа сезона ќе ги носат чевлите од „Paolo Bocelli“. Партнер во грижата за здравјето „Merz Spezial Dragees“. Партнер на Моден викенд Скопје и омилениот гостин во сите семејства „Podravka“. Официјалното вино на сезоната доаѓа од „Vizba Valandovo Winery“.

#GlobalBlanket#StopthetraffikМоден викенд-Скопје
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

  • Danilo-and-Sharon-Studio-079 моден монитор

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

  • 1 моден монитор

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics