• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
стилска листа 0

10 фустани од македонски дизајнери за блескав новогодишен изглед

Од stylist @StylistMKD · На декември 21, 2016

makedonski-dizajneri-ng

Дилемата што да облечете за дочекот на Новата година може да ја разрешите доколку ги разгледате  колекциите за есен-зима 2016/17 на македонските дизајнери. За да ви помогнеме во изборот, направивме селекција од 10 фустани од најновите линии на 10 наши креатори, кои би можеле да послужат како идеја за вашиот новогодишен изглед. Доминираат свечените модели, во црна и златна боја, соодветно на прославата, а застапени се и парчиња во темновиолетова, сина, зелена и сива боја. Станува збор за фустани со потпис на  „Кларис“, Росица Мршиќ,  Јована Филиповиќ, Антонија Ристовска, Олгица Ѓеоргиева, Ирина Тошева, „Алшар“, Андреј Папаз, Мите Занов и Марија Трајанова. Дел од нив премиерно беа претставени на есенското издание на Моден викенд-Скопје, некои на посебни ревии, а дел преку социјалните мрежи, со фотосесија.

CLARIS

claris2

Дизајнерката Тања Кокев кон крајот на минатиот месец со ревија во МНТ ја претстави својата нова колекција и воедно ребрендирање и нов назив на својата модна куќа во Claris. Од колекцијата есен-зима 2016/17, која е женствена и романтична, селектиравме виолетов фустан со карнер и црна тантела, кој одлично би се вклопил во раскошот на новогодишната ноќ. Со оглед на тоа што е дел од линија која е симбол за нов свеж и чист почеток на Claris, симболично фустанот може да донесе и нов поубав почеток во Новата 2017-та година.

РОСИЦА МРШИЌ

rosica-ng
Инспирирана од поемата „Гавранот“ на Едгар Алан По, дизајнерката Росица Мршиќ ја создала колекција за есен-зима 2016/17, што  ја претстави неодамна во своето студио. Новата “pret-a-porter” линија вдишува романтика во современиот изглед на жената. Мршиќ во неа ја преведе женската нежност во црна палета, чисти кроеви дополнети со рафинирани слоеви и нагласени со длабоко розови детаљи. Од оваа линија го селектиравме цриот фустан од тантела, во кој ќе изгледате драматично, женствено и секси.

ЈОВАНА ФИЛИПОВИЌ

jovana-filipovic

Црниот миди фустан, која ја следи линијата на телото, е дел од новата колекција на Јована Филиповиќ, „Големата убавина“, што можевме да ја погледнеме на Модниот викенд-Скопје, како и во концептуалната продавница и бистро Wonderlust. Инспирација за колекцијата на креторката ѝ бил италијанскиот филм La grande bellezza („Големата убавина“) на Paolo Sorentinni.

АНТОНИЈА РИСТОВСКА

antonija-ristovska

Баланс на романтично и модернистичко е основата на колекцијата Balance за есен-зима2016/17 на Антонија Ристовска, која ја претстави со фотосесија,  на Stylist.mk. Новата колекција е инспирирана од внатрешниот порив на жената која балансира помеѓу љубовта и омразата, доброто и злото, исклучителниот комфор и крајната неудобност, помеѓу задоволството и воздржувањето, слободата и сигурноста, притоа задржувајќи го сопствениот став. Крајната порака е да се најде вистинскиот баланс во реката на животот и неговата бесконечност. Во нашата новогодишна модна листа ставивме кремасто-син фустан со голи рамена, во стилот на 50-тите.

ОЛГИЦА ЃОРГИЕВА

olgica-georgieva2
Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со колекцијата Touch of my soul ја продолжи приказната за модно навраќање кон себе, својот стил на креирање и своите корени. Од моделите преставена на Модниот викенд-Скопје, избравме сив фустан со цветна апликација. Моделот ла следи линијата на телото и ја открива женствената, секси страна на дамата.

ИРИНА ТОШЕВА

irina-toseva
За девојките и жените со младешки дух,  сите тие што сакаат полежерен изглед и ги избегнуваат класичните свечени модели, идеален ќе биде шарениот фустан од креаторката Ирина Тошева. Линијата, која ја претстави на Моден викенд-Скопје, е инспирирана од жар-птицата како мотив во приказните од словенскиот фолклор. Духот и боите од оваа волшебна птица се пресликани во новата колекција. Селектираниот фустан е со интересен принт, кројот е краток и е со голи рамена. Одично одговара со високи чизми.

„АЛШАР“

alshar
Од новата колекција на Силвија Михајловска која стои зад брендот „Алшар“ избравме златен фустан со асиметричен крој.Моделот, кој се поклопува со актуелниот тренд на светскави креации, е наменет за храбри и модерни девоји, кои сакаат добро да се забавуваат на Новогодишната ноќ. Колекцијата за есен-зима 2016/17, која деновиве ја претстави преку фотосесија , е инспириранаод естетиката на сликите на Тамара де Лемпицка, настанати помеѓу двете светски војни во арт деко стил.

АНДРЕЈ ПАПАЗ ЃОРГИЕВСКИ

andrej-papaz
Од театралната деби-колекција „Враќање на антихеројот“ на младиот дизајнер Андреј Папаз Ѓоргиевски, која ја претстави на Модниот викенд-Скопје, селектиравме краток црн фустан, со сребрени елементи. „Враќање на антохеројот“ е за секоја несовршена личност која се спротиставува на толпата. Колекцијата се занимава со внатрешниот човеков изглед, кој го трансформира и бескомпромисно го прикажува онаков каков што е, храбар, незапирлив, неуништлив.

МИТЕ ЗАНОВ

mite-zanov-ez2016-15
Долгиот фустан со преклоп, со златен сјај, е нашиот предлог за блескав новогодишен изглед од колекцијата „Муза“ на младиот креатор Мите Занов. Линијата можевме премиерно да ја погледнеме деновиве преку фотосесија снимена во просториите на Музејот на современа уметност во Скопје. Колекција е мотивирана и создадена од вечната инспирација во уметноста – женското тело, неисцрпна тема подложна за безброј варијации во приказот и субјективно поимање кај секој автор.

МАРИЈА ТРАЈАНОВА „МАРСИН“

marsin-by-marija-trajanova
На листата се најде и модел од колекцијата Million Voices на младата Марија Трајанова која креира под својот бренд наречен „Марсин“. Станува збор за црн фустан со лелеави ракави со отвори и гол грб. Во колекција, претставена на Модниот викенд се насетува женски сексапил преку припиени форми, изрези и длабоко деколте.

Јована ФилиповиќАлшарАндреј ПапазАнтонија РистовскаИрина ТошеваМарија ТрајановаМите ЗановОлгица ЃеоргиеваРосица МршиќТања Кокев„Кларис“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 111 стилска листа

    Седумте тајни на секогаш дотераните жени

  • 1 стилска листа

    Пет јакни што треба секоја жена да ги има во гардеробата

  • fjshjf стилска листа

    Предлог зимски стајлинзи за празнични денови поминати на отворено

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • fwsk

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

    март 30, 2026
  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

    март 28, 2026
  • 1oskar26

    ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

    март 16, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics