• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Италијанскиот бренд Bоggi Milano доаѓа во Скопје

Од stylist @StylistMKD · На септември 9, 2016

boggi-milano-3

Луксузот  на Милано и шармот на италијанската машка мода се спојуваат во новиот моден бренд на пазарот – Boggi Milano, кој го збогатува широкото портфолио на Fashion Group Macedonia. Сместен во центарот на  Скопје  на ул. Македонија со подеднакво луксузниот HUGO BOSS, Boggi ќе биде нова модна дестинација за модерниот космополит кој го сака убавото облекување, без разлика дали станува збор за формална или лежерна облека. Приказната за Boggi Milano започува во далечната 1939 година со идејата во секое парче облека да се преточи италијанската извонредност и тежнеење кон промоција на добро препознатливиот милански стил и квалитет насекаде во светот.  Италијанскиот идентитет е особено важен за овој моден бренд, па така пораката Made in Boggi се појавува како носечка и оваа сезона, заедно со истакнувањето на  вредностите на брендот како што се елеганцијата и потврдениот квалитет.

boggi-milano-1

„Приказни од лифтот” е насловот на кампањата на Boggi за есен-зима 2016/17. Преку  ова место кадешто се среќаваат различни типови на мажи се доловува сржта на брендот – со специфичниот избор на облека, нејзиното комбинирање и модните додатоци секој маж ја изразува својата уникатност и својот карактер.  Неколку трендови доминираат во колекцијата за оваа сезона. Еден од нив е сивата боја, во различни комбинации кај различни парчиња. Стилот е класичен, рафиниран со чиста естетика и безвременска елеганција. Оделата имаат одличен крој, а материјалите рефлектираат квалитет и удобност која дава можност облеката да се носи на работа, но и надвор од канцеларијата.

boggi-milano-1

Вториот тренд кој се забележува во колекцијата на Boggi Milano e таканаречениот “Arhitexture”, односно спој на геометриски форми и материјали. Палтата се во пруги, а се комбинираат со кошули со ситни коцки и вратоврски со разновидни форми, што му дава еден поинаков, побогат и подинамичен елемент на целосниот изглед. Тука се и карираните палта со дворедно закопчување, речиси секогаш дополнети со украсно марамче во контрастен дезен. Студенилото на сината се среќава со потоплата кафена боја – уште еден од трендовите за актуелната сезона. Облека за модерниот космополит, кој посветува особено време на деталите.

boggi-milano-9

Урбан поет е линија дизајнирана специјално за оние мажи кои имаат доза на поетичност и екстраваганција во својот карактер и појава. Современи, но со традиционална нишка, парчињата од оваа линија освојуваат со својата живост. Боја која доминира е специфичната зелено-сина, а материјалите се лесни и соодветни за моделите кои нудат удобност и лежерност, но и неизбежна елеганција и хармонија.

boggi-milano-7

Индиго револуција е тренд наменет за авнгардниот маж секогаш подготвен да ужива во моментот, маж кој е одлучен и љубопитен, маж кој мрази конформизам, а ја сака единственоста во сè што прави. За него Boggi Milano нуди линија која поставува нови стандарди на машката елеганција,  играјќи со новите технологии при обработка на материјалите што му дава оригиналност на изгледот. Индиго револуција е полежерна линија, па освен палта, елеци и панталони овде се присутни и ролки, едноставни блузи и кошули, направени од волна, памук и тексас.

boggi-milano-6

За оние кои ги следат најновите трендови, за вечните шармери и заводници тука е колекцијата“Black Fit” , комбинација на формален и лежерен изглед со кроеви кои ја следат линијата на телото и детали кои го истакнуваат карактерот на Boggi мажот. Во студените зимски денови пак, јакните, џемперите и полнетите елеци се вистински избор за удобност, но и секогаш префинет изглед.

boggi-milano-5

Изборот на модни додатоци за есен/зима е навистина богат, па така тука се чевлите, чантите, торбите за патување, вратоврските, марамчињата, копчињата за манжетни, ремените…Превртената кожа е особено актуелна на почетокот на сезоната и доаѓа во форма на ракавици, ремени, новчаници – парчиња кои рефлектираат одличен вкус и се пријатни на допир.

boggi-milano-4
boggi-milano-8
boggi-milano-10
boggi-milano-2

Boggi MilanoFashion Group Macedoniaелеганцијаиталијански брендмашка модамашки костумСкопје
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • sarastoi моден монитор

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • fwsk

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

    март 30, 2026
  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

    март 28, 2026
  • 1oskar26

    ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

    март 16, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics