• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

FLAMBOYANT BLOSSOMS – Прва модна колекција на новиот македонски бренд Pink Lemonade

Од stylist @StylistMKD · На мај 26, 2021

Image 001

Петнасеттината стилски изгледи за пролет и лето зад чијшто дизајн стои нашата позната дизајнерка Стефанија Насеска, го сочинуваат првиот дел од колекцијата со цветни, шарени и впечатливи принтови и бои. Раскошните кроеви само го надополнуваат сплетот на елементи, кои ќе бидат карактеристични за брендот и во иднина

Pink Lemonade е називот на новиот домашен бренд со моден потпис на македонската дизајнерка Стефанија Насеска, создаден за да биде носен од девојки и жени кои сакаат да изгледаат уникатно, смело и енергично. Првенче е колекцијата со симболичен наслов „Flamboyant Blossoms“, која ќе биде прикажана во два дела.

Првиот е веќе достапен за широката јавност, промовиран заедно со лансирањето на брендот Pink Lemonade, на социјалните мрежи. Станува збор за петнаесетина стилски и колоритни изгледи за пролет и лето, кои несомнено ќе ги привлечат погледите на минувачите, но пред сѐ ќе создадат чувство на среќа, задоволство, сигурност и самодоверба кај клиентите.

PINK LEMONADE STEFANIJA NASESKA (8)

-Целта ни е да се позиционираме на пазарот како бренд во кој можат да се пронајдат повеќе типови на жени со различна градба на телото, а притоа да бидат единствени, забележани и полни со самодоверба. За да се осигураме во уникатноста, но и за да го направиме брендот повпечатлив, како појдовна точка ги зедовме принтовите кои се цртаат и изработуваат специјално за нас, а воедно истите ги сметаме и за наш заштитен знак по кој во иднина ќе бидат препознатливи колекциите – истакнува дизајнерката Стефанија Насеска. Заштитни лица на првиот дел од колекцијата „Flamboyant Blossoms“ се моделите Вања Петрушевска од модната агенција Подиум и Татјана Јанушева од Моделс Ин. За шминката е заслужна визажистката Марија Лазарова, додека фризурите се дело на Октај Сејди. Фотографиите за студискиот едиторијал ги изработи Антонио Станков. Вториот дел, подготвен со истата креативна екипа, ќе биде промовиран наскоро. PINK LEMONADE STEFANIJA NASESKA (5) Во чекор со светските тенденции за свесна и одржлива мода, заштитата на животната средина и грижата за вработените е од огромна важност и меѓу главните приоритети на брендот Pink Lemonade, што се отсликува и самиот процес на производство. -Сите парчиња се дизајнирани и изработени исклучиво во Македонија со сопствено производство. Себеси се сметаме за едно семејство, кое полека но сигурно расте и се грижиме секој наш член-клиент да го добие заслужениот позитивен третман – заклучува Насеска. PINK LEMONADE STEFANIJA NASESKA (4) PINK LEMONADE STEFANIJA NASESKA (3) PINK LEMONADE STEFANIJA NASESKA (7) PINK LEMONADE STEFANIJA NASESKA (1) PINK LEMONADE STEFANIJA NASESKA (2) PINK LEMONADE STEFANIJA NASESKA (6) PINK LEMONADE STEFANIJA NASESKA (9) PINK LEMONADE STEFANIJA NASESKA (10) PINK LEMONADE STEFANIJA NASESKA (11)

Flamboyant BlossomsPink Lemonadeмакедонска модамакедонски брендпролет-лето 2021Стефанија Насеска
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • ????????????????????????????????????????????????????????????? моден монитор

    „Една љубов, безброј подароци” – Од денеска базар по повод Денот на вљубените во Скопје сити мол

  • 1 valentino моден монитор

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • ?????????????????????????????????????????????????????????????

    „Една љубов, безброј подароци” – Од денеска базар по повод Денот на вљубените во Скопје сити мол

    февруари 11, 2026
  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics