• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Горан Сиџимовски работеше на стајлингот на Надја Ауерман за украински Vogue

Од Ана Несторовска · На април 2, 2015

Nadja Auermann

Македонскиот дизајнер на накит и стилист Горан Сиџимовски работеше на стајлингот на светски познатиот топ-модел Надја Ауерман, во фотосесија за украински Vogue. Тој беше асистент на модната уредничка на „Вог Украина“, Олга Јанул, на насловниот едиторијал што излезе во февруари. Покрај Сиџимовски и Јанул во реализација на сесијата беа вклучени и фотографoт Арчин Сагдич, Хауке Краузе-фризура, Нини Нумела-шминка и Јирген Шабес-кастинг директор.

goran sidzimovskiq

Горан Сиџимовски модно се образова во Берилн, а изминативе неколку месеци е на студентски престој во Мадрид

-Прекрасно е искуството да се биде асистент на Олга Јанул. Контактот со модната уредничка на „Вог Украина“ дојде преку мојата пријателка и бивша колешка Лиса Филипини со која работевме заедно во „Фиер Менаџмент“ и на Берлинскиот фестивал за модни филмови. Од „Вог Украина“ беа дојдени во Берлин за реализација на три едиторијали и на Олга ѝ требаше асистент за реализација на стајлингот… Со Олга соработував на два едиторијали. Едниот е за насловната страна на јунското издание и фотографиравме со една од најактуелните манекенки во моментот на модните писти. Но бидејќи изданието сè уште не е објавено не можам да го откријам нејзиното име. Вториот едиторијал беше за насловната страна на февруарското издание и сликавме со Надја Ауерман, една од првите топ-модели-вели Сиџимовски.

nadja-auermann-vogue-ukraine-2

Тој е одушевен од професионалноста и едноставноста на 44-годишната Најда, која е родум од Берлин. Таа беше дел од златната генерација на топ-модели во 90-тите и важеше за манекенка со најдолги нозе.
-Надја е едноставна личност со која соработката се одвива без никаков проблем. Нејзиниот професионализам е првото нешто што се забележува – соработува активно со целиот тим, дава свое мислење за целиот процес на работа и се интересира за идеите на другите. За позирањето нема потреба да се коментира – како и да се намести излага одлична фотографија. За мене овој ангажман беше интересно искуство бидејќи видов како се одвива сликање на еден едиторијал на највисоко организационо ниво. Станува збор за професионален тим, каде што секој си ја знае својата работа и сè се одвива беспрекорно- вели Горан, кој деновиве престојува во Скопје заради обврски во организацијата на актуелниот Моден викенд-Скопје.

nadja-auermann-vogue-ukraine-3

По завршувањето на овие активности заминува во Мадрид каде што  од февруари престојува на краток студиски престој во Супериорниот центар за моден дизајн, дел од Политехничкиот универзитет. Во јули се враќа во Берлин, каде што студира и каде му остануваат уште две години од студиите по моден дизајн.

nadja-auermann-vogue-ukraine-4

Авангардниот дизајнер на накит е препознатлив по изработката на накит од плексиглас, кој го комбинира со различни други материјали. Се паметат неговите колекции под името Горан Иан претставени во концептуалната продавница „Лудус“, пред четири-пет години, а под етикетата Flamboyant во 2011 ја создаде колекцијата со необичен спој на плексиглас со бисери. Изминативе години иако модно се образува во Берлин, тој е ангажиран и во креативниот тим на Модниот викенд-Скопје. Искуство како стилист на модни едиторијали има стекнато во некогашниот неделник „1Е“.

Nadja Auermann1
Nadja Auermann2
Nadja Auermann3
Nadja Auermann4
Nadja Auermann5

1Е МагазинVogueVogue УкраинаБерлинГоран СиџимовскиедиторијалЛиса Филипинимакедонски дизајнери на накитМоден викенд-СкопјеНадја АуерманОлга Јанулстајлингфевруари 2015Фиер Менаџмент
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • sarastoi моден монитор

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • fwsk

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

    март 30, 2026
  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

    март 28, 2026
  • 1oskar26

    ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

    март 16, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics