• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Битола по 23-ти пат домаќин на Интернационален фестивал на монодрама

Од stylist @StylistMKD · На мај 10, 2022

image4-6 На 14 мај, ќе светнат сцените на Центарот за култура и Битолскиот народен театар каде под мотото „Помеѓу“ ќе започне 23-тото издание на Интернационалниот фестивал на монодрама, на кој ќе биде пречекана верната театарска публика која знае како да ги дочека и испрати со аплаузи професионалните актери кои овој пат доаѓаат од 11 држави, а ќе изведат вкупно 13 монодрами.

Така, градот Битола до 21 мај ќе биде вистински фестивалски град, место на средба на актери кои ја слават монодрамата како модерна театарска форма на “one man show”.

Овој фестивал е толку многу посебен и надвор од рамките на програмските насоки на било кој друг театарски фестивал во нашата држава. Со светски контекст кој го потврдува гостувањето на монодрами од Велика Британија, Ерменија, Хрватска, Шпанија, Азербејџан, Полска, Израел, Бугарија, Молдавија и Романија, со уметнички сензибилитет на новодефинираните театарски тенденции.

-Скапоцено е што мојот град Битола е запишан на светската мапа на фестивали на монодрама. Оваа година растеретени од ковид протоколите, со храбра одлука од наша страна да направиме повторно светски фестивал, зошто пред сe како актер, а потоа како директор на оваа национална институција од културата, знам колку овој проект е посебен, зошто не станува збор за никаква комерцијална, туку за сериозна и квалитетна уметничка продукција. Со поддршка на Министерството за култура, Општина Битола и на неколку спонзори, на кои сме им бескрајно благодарни работевме повеќе месеци на овој проект, кој бара и одлична мрежа на контакти низ светот, за што во ЦК имаме одличен тим кој стои позади фестивалот и селекција која тука, оваа година ќе го донесе најдоброто – истакна Маја Андоновски Илијевски.

Жири комисијата ќе биде составена од режисерот Владимир Милчин, актерката Бедија Бегова и македонскиот писател и драмски уметник Сашо Димоски. Селектор на фестивалот е доајенот на македонскиот тетатар, актерот Петар Мирчевски.

-Слоганот „Помеѓу“ говори и за навистина тешката задача да се селектира од досега можеби најголемиот прилив на апликации за учество. Над 70 пријавени монодрами од целиот свет, а дури 11 беа од Хрватска, каде по неколку нивни гостувања на овој ист фестивал, стануваме славна точка, што е навистина убава вест. Помеѓу многу дилеми, што да се избере, зошто ние како директно инволвирани со месеци во овој проект, верувајте му се радуваме на фестивалот како на најголем театарски празник, бидејќи низ годините наназад не се забележал толкав голем интерес за учество. Програмата е затворена, има одличен избор и од аспект на текстови, и од аспект на продукција, а актерскиот чин на креирање на монодрама ќе го оживее театaрскиот свет на малку поинаков начин – истакна Петар Мирчевски.

Свеченото отварање на фестивалот ќе биде на 14 мај со претставата „Само глас“ на МНТ Скопје, додека затворањето е на 21 мај со претставата „Странци“ на Драмски театар Скопје.

Годинава новина е дневната офф-програма која од 12.00 до 15.00 часот ќе се случува на делови и од Широк Сокак со учество на актери од Статуа Фест, а централна точка на оваа придружна програма ќе биде Јагода на крајот од оваа пешачка позната зона на Битола, каде актерите живи статуи и познатите артисти од битолската електронска сцена ќе имаат своја програма.

Впечатлив дизајн на плакат и придружни промотивни материјали за фестивалот се објавени на социјалните медиуми, позади кои стои графичката дизајнерка Ангела Христовска и продукцијата „Сектор“.

фото | Диоген Хаџи-Коста Милевски

БитолаИнтернационален фестивал на монодрамакултурамонодраматеатар
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • zizel културен водич

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

  • 1 културен водич

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

  • novogodisen bazar културен водич

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • fwsk

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

    март 30, 2026
  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

    март 28, 2026
  • 1oskar26

    ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

    март 16, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics