• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Лидиа Јовановска: Чантите на L&E се за жени што сакаат практични и иновативни дизајни

Од stylist @StylistMKD · На јануари 22, 2015

Lidia Jovanovska izlozba (1)

Рачно изработени чанти наменети за модерни жени со изграден стил, вчера во арт-кафе „Концепт 37“ промовира брендот L&E од Лондон, зад кој стои македонската дизaјнерка на модни додатоци, Лидиа Јовановска. На својата прва изложба во Македонија  беше претставена зимската колекција со 20 отсто попуст, а беа изложени и неколку парчиња од летната колекција, која може да се купи во пред-продажба. Дизајнерката вели дека за изработка на чантите користелa различни квалитетни материјали.
-Зимската колекција е изработена од италијански филц. Летната линија, пак, е направена од нов вид на еко кожа која е направена од целулоза (пресована хартија). Со оваа најнова и ексклузивна техника се добива сосема нов вид на еко кожа која е водоотпорна и лесна за одржување. Карактеристично за овој материјал е што е значително полесен во тежина од вистинската кожа што ја прави уште покарактеристична и поразлична. Ова е новина на пазарот. Моментално само Италијанците ја користат оваа техника, и сè уште во светот никој не може да ја ископира. L&E е првиот бренд што ја применува оваа техника за изработка на чанти-ни изјави Лидиа.

Lidia Jovanovska izlozba (7)

Новина во работата на брендот е и рачно плетените елементи на торбите. Дизајнерката вели дека со оглед на тоа што во Македонија има многу жени што плетат, планира да направи поширока соработка. Повеќе ќе го вклучи плетењето во линијата за следната зима.
-Постојано сум во потрага на нови, иновативни техники и квалитетни материјали за изработка на чанти. Иако сме насочени кон користење на еко материјали, тоа не значи дека употребуваме евтина основа. Напротив, често набавуваме материјали кои се поскапи од кожата-вели таа.

Овие рачно изработени чанти се уникатни, лесни и мултифункционални погодни за секоја пригода. Наменети се за девојки и жени со изграден стил, за бизнис жени како и за сите оние што сакаат да бидат уникатни и впечатливи. Торбите се лесни и мултифункционални, погодни за секоја пригода.

-Чантите на L&E се за жени што сакаат практични и иновативни дизајни. Една од нашите главни цели е да имаме дамски чанти кои се city bags, а од друга страна се и практични и лесни како casual bags.Чантите освен што се практични исто така се и нумерирани, концептуално дизајнирани и изработени во мали серии од по 10 парчиња по модел и боја што ги прави единствени. Целиот концепт набрендот L&E е осмислен токму околу големината и практичноста. Во една колекција има две големи чанти за работа и патување кои се доста практични бидејќи имаат доста пропратни делови. Со нив сте спремни за секоја прилика и ситуација. И во двата модела има мали чанти/паричници идеални за гала вечери или за други свечени пригоди. Тие исто така имаат систем за надоврзување со големата чанта и многу други пропратни артикли кои ќе ви ја организираат чантата како што се мини паричници за железни пари, дел за документи, дел за компјутер, приврзок за клучеви кој се закачува и истегнува, изолатор за вода како и многу други практични делови што ќе ја организираат чантата.

Lidia Jovanovska izlozba (6)

Брендот L&E е стациониран ви Лондон, а чантите се продаваат онлајн и во стокови куќи. После изложбата дел од моделите ќе останат изложени за продажба во „Концепт37“.
-Многу сум задоволна од посетеноста и од начинот на кој помина презентацијата во „Концепт 37“. Ова е добра можност купувачите и модната публика да се запознае со нашата  работа. Но исто така е и можност ние  да ги запознаеме креативци и таленти кои би сакале или веќе се занимават со рачна изработка на чанти. Отворени сме за соработка со сите заинтересирани, а праќаме и апел до факултетите кои имаат катедри по моден дизајн, за вклучување и изнаоѓање на идни дизајнери на чанти. Планираме да дадеме можност за стажирање во  L&E. Целта на овој проект е да се врати здивот на македонското занаетчиство и да ја ставиме Македонија на мапата на земји со уникатна и квалитетна рачна изработка. Со ова би отвориле шанси за нови вработувања и би можеле да понудиме обука од светски калибар-вели таа.

Покрај Лидиа, која се грижи за дизајнот,  во тимот на L&E се и Емилија Савевска, Ана Дионисиева, како  и мајсторот Аднан кој ги изработува чантите. Тој е првиот пријавен изработувач на чанти во нашата земја. (А.Н.)
Фото: Stylist.mk

Lidia Jovanovska izlozba (2)

L&Eбизнис жениеко кожаеко материјалииталијански филцКонцепт 37Лидиа Јовановскаторбифилцчанти
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • sarastoi моден монитор

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • fwsk

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

    март 30, 2026
  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

    март 28, 2026
  • 1oskar26

    ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

    март 16, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics