• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
стилска листа 0

Блогерката Александра Спасеска предлага топ-5 модели за оваа зима

Од Ана Несторовска · На декември 4, 2013


Александра Спасеска, која е авторка на  еден од најактуелните и најбогати со содржини модни блогови, aleksandrinavezilka.wordpress.com, со својот избор се приклучува на серијалот на Stylist.mk  во кој македонските блогери предлагаат топ-5 модели за оваа зима. Според оваа млада модна ентузијастка најжешки парчиња во овие студени денови се: кратките кожени ракавици, миди здолништата со многу волумен, кратките бунди, блузоните со апликација  и дамските рачни часовници.

1. Кратки кожени ракавици

 

Најважно од сè, одлично топлат, и се најдобриот дамски моден додаток според мене. Кратките ракавици ги сакам повеќе бидејќи се попрактични и дозволуваат повеќе простор за детали на нив (интересно закопчување, ременчиња, машни на зглобот). Препорачувам за оваа сезона да се изберат ракавици во пожива боја: црвени, виолетови, темно зелени, но ако сте приврзанички на класичниот стил, нема промашување со црни, бели или кафеави. Најдобрите модели и по релативно ниски цени за производ од чиста кожа, според мене ги имаат „Мак Примат“.
Фото: La Crasia Gloves

2. Миди здолништа со многу волумен

Овој класичен модел потсетува на 50-тите години, а јас сум вљубена во ова дамско доба. Оваа сезона се вратија на голема врата и беа хит кај модната публика на есенскиот Моден викенд во Њујорк. Најмногу ги сакам моделите од твид со екстра волумен. Тања Кокев понуди неколку одлични модели во нејзината колекција есен-зима 2013-14 Kokev Premium.

3. Кратки бунди

Без разлика дали бирате природно, вештачко или имитација на крзно, тоа е индивидуално, кратките бунди се подеднакво гламурозни како долгите, само многу попрактични и помладешки. Се комбинираат речиси со сè, од цевка или машки модел на фармерки, молив- здолништа до коктел фустани. Крзнените додатоци како лисици (јас лично повеќе ги сакам имитациите на крзно) го имаат истиот ефект на глам шик. Ирина Тошева во последната колекција Memento Mori има одлична кратка бунда од лажни пердуви што изгледа како крзнена, а Бобан Илиевски (Chic Undercoewear) покажа како лисиците може да се вметнат во современиот изглед.
Фото: Memento Mori by Irina Tosheva

4. Блузони со апликација

Овој моден предлог е надвор од мојата comfort zone и винтиџ стилот, но блузоните со откачени апликации ми се просто неодоливи. И машките и женските модели препорачувам да се носат во неочекувано екстравагантни комбинации со кожени панталони или мини и pencil здолништа, задолжително со високи потпетици. Chic Undercowear во колекцијата есен/зима покажа одличен модел на бел блузон со апликација на Алексис од „ Династија“, и цитатот Bite me Krystel.
Фото: Chic Undercowear

5. Дамски рачен часовник

Да не ги заборавам модните додатоци. Мојата љубов кон винтиџ стилот вели: рачен часовник. Рачните часовници можеби денес стануваат непотребни за мерење на времето, но се безвременски моден додаток кога станува збор за мерење на стилот. Дискретен модел на дамски рачен часовник со тенко кожено ремче или елегантна белегзија одлично ќе се вклопи во секојдневниот моден стајлинг на секоја жена.
Фото: Fossil Watch ES3077 Georgia Rose Gold Dial

50-титеaleksandrinavezilkaChic UndercoewearАлександра СпасескаблогериблузонБобан Илиевскибундазима2013Ирина ТошеваКокевмакедонски блогеримиди здолништаракавицитрендовичасовник
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 111 стилска листа

    Седумте тајни на секогаш дотераните жени

  • 1 стилска листа

    Пет јакни што треба секоја жена да ги има во гардеробата

  • fjshjf стилска листа

    Предлог зимски стајлинзи за празнични денови поминати на отворено

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics