• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
барометар 0

Модниот избор на Меланија Трамп на претстедателската инаугурација

Од stylist @StylistMKD · На јануари 21, 2017

2

Колку што политичката сцена го следи секој чекор на новиот американски претстедател, контроверзниот Доналд Трамп, толку модната сцена е заинтересирана за тоа што ќе облече новата прва дама, поранешната словенечка манекенка Меланија, колку дизајнери одбиваат да соработуваат со неа поради неприфаќањето на Доналд како претседател на САД, ама и за тоа кои креатори немаат проблем да ја облечат. Дојде и тој ден на инаугурацијата на Трамп во 45-ти претседател, а еве што на вчерашните настани облече Меланија – светло син комплет од американскиот дизајнер Ралф Лорен за чинот на давање заклетва пред Капитол Хил и бела долга тоалета од Ерве Пјер за инаугурацискиот бал.

3

Модните комбинации на Меланија Трамп предизвикуваат големо внимание, а публиката е заинтересирана дали таа ќе ја наследи харизматичната претходничка Мишел Обама кога е модата во прашање. На дневниот настан на инаугурација Меланија облече светло син комплет со необичен крој околу вратот, дополнето со салонки и долги ракавици во иста боја. Меланија изгледаше без грешка во овој комплет, но сепак има и забелешки дека ледено сината боја сосема одговара на нејзиниот ладен карактер и појава (негодувањата можеби влечат корени од нетрпеливоста на јавноста кон нејзиниот сопруг), како и тоа дека новата прва дама многу потсетува на инаугурацискиот изглед на една друга прва дама – Џеки Оназис, која и до денес важи за најстилизирана прва дама на САД.

4

На инаугурацискиот бал Меланија Трамп облече долг свилен фустан во боја на ванила, со интересни скулптурални набори и со тенка црвена лента околу половината. Фустанот ги открива рамената, а за доза сексапил има висок шлиц. Креацијата е на Ерве Пјер, француски дизајнер кој претходно работел за Каролина Херера, Оскар де ла Рента и Вера Ванг. Пјер откри дека при креирањето на фустанот соработувал со Меланија и тоа исксутво го опишува како „органско“ и вели дека таа има „силен личен стил кој не планира да го промени поради новата функција на прва дама“. Не му е првпат да соработува со прва дама, работел со Лора Буш и Мишел Обама кога бил дел од тимот на Каролина Хереа и со Хилари Клинтон додека работел во ателјето на Оскар де ла Рента. „Чест ми е да ја облечам првата дама на САД. Иако и претходно сум сорабтувал со Клинтон, Буш и Обама, среќен сум и почестен што соработував со Меланија, но сега со креација што го носи моето име“, изјави дизајнерот. (К.Т.)

5

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • maro robi mango барометар

    Марго Роби изгледа шик во овој костум на Mango

  • adel барометар

    Адел во впечатлива креација на Скјапарели

  • lady gaga барометар

    Лејди Гага впечатлива во модел на висока мода од Valentino

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 2

    Добротворна модна аукција „Fashion with a Cause“ во рамките на Моден викенд Скопје

    ноември 6, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • 1fwsk

    Петтиот ден на FWSK31: Од булинг до убавина, модата како јазик на промена

    ноември 3, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • 1 Irina Tosheva workshop

    Мода што трае: 31. Моден викенд Скопје започна со приказни за создавање, поправка и повторно раѓање на стилот

    октомври 31, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025

Култура

  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics