На 4 април, во Офицерскиот дом во Битола, за првпат ќе се одржи Bitola Whisky Fest, настан кој ја носи концепцијата на современите lifestyle фестивали надвор од Скопје.
Зад организацијата стои Bottega Eventi, тимот кој во изминатите години се позиционираше со истиот проект кој е веќе традиционален во Скопје, како и проекти како што е Gin Lane Festival, со цел да се третира културата на пијалоците како дел од пошироко искуство.
Bitola Whisky Fest е замислен како настан што го надминува класичниот формат на дегустација. Во фокусот не е само селекцијата на виски брендови, туку и амбиентот во кој тие се претставуваат.
-Настаните за пијалоци ги учевме низ процесот. Денес ги гледаме како културен медиум преку кој се создава атмосфера – велат од Bottega Eventi.
Изборот на Битола не е случаен. Градот со својата културна традиција, урбана естетика и препознатлив боемски карактер се наметнува како природен контекст за ваков тип на настан.
-Кога посакавме да го пренесеме Whisky Fest надвор од Скопје, Битола беше првиот избор. Поради вредностите што ги дели со самата виски култура…елеганција, романтика и градски дух -додаваат организаторите.
Во текот на вечерта, посетителите ќе имаат можност да дегустираат внимателно избрана понуда на виски, да следат музичка програма и да бидат дел од амбиент што се гради низ детали.
Настанот е наменет за публика која препознава формат што не се сведува на забава, туку на искуство.
4 април 2026
Офицерски дом, Битола
18:00 – 00:00
Bitola Whisky Fest претставува покана за искуство во поинаков ритам, каде што настанот не завршува со последниот час, туку продолжува во импресиите што го остава.





























Нема коментари