• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

Тања Кокев скрои есенска идила во ритамот на 70-тите

Од Ана Несторовска · На ноември 2, 2017

Kokev esen zima 2017 (7)
Во автентична есенска атмосфера, на писта распослана со пожолтени лисја и во носталгичен ритам на 70-тите, дизајнерката Тања Кокев вчеравечер во „Александар палас“ ја промовира новата ready-to-wear колекција за есен-зима 2017/18. Ревијата ја почна со емотивна посвета на својот неодамна починат татко, и продолжи со сентиментално патување низ спомените, обидувајќи се најважните да ги заштити од избледување и заборав. Во тој манир, нејзината модната временска машина трагаше по највпечатливите кроеви, тонови и форми од 70-тите, кои во новата колекција ги прилагоди на потребите на современата жена, облекувајќи ја за секоја пригода, секоја доба и секоја улога што ја има во текот на денот.

Kokev esen zima 2017 (2)
- Оваа колекција ја посветив на посебноста на секој од нас. Се навратив на модата и општо идејата на 70-тите кога начинот на облекување рефлектира став во изразувањето, индивидуалност базирана на природен изглед и различност. Навистина се залагам за различност и во изгледот и во комбинациите, за излегувањето од матрицата во која сите изгледаат исто и за слободата на изразување. Затоа оваа колекција е послободна, со вариетет на комбинации од материјали и форми кои уште повеќе ќе дојдат до израз при комбинациите на индивидуалците кои носат „Кокев“. Всушност и се инспирирав од тоа како сè ги комбинираат парчињата на ready-to-wear оние кои носат мои модели. Секако, повторно ги користам дизајнерските материјали препознатливи за мене за да го одржам квалитетот. Специфично овој пат е дека во колекцијата вметнав исклучиво црни и сребрени вечерни тоалети, како контраст на шаренилото на останатата колекција и дека за прв пат изработивме и машки модели. Тоа е чекор кој сè уште го правам срамежливо, но се надевам дека може да прерасне во нешто поголемо – вели Кокев.

Kokev esen zima 2017 (3)
Креаторката направила комбинација на разни форми, спојувајќи ги строгите линии на класичниот дизајн со асиметрични отскокнувања, кои ѝ даваат полетност и уникатност на линијата. Сличен е пристапот и во комбинацијата на материјали и тонови. Референци со 70-тите имаше во целосниот стајлинг на моделите и во слободно пуштените фризури со волумен.

Kokev esen zima 2017 (5)
Во неколку кратки поглавја погледнавме креации за деловен изглед, за коктел-забави, разни свечености, но и машки модели – што е новина во работата на нејзиниот бренд. Иако страмежливо, сепак машките креации на Кокев соодејствуваат со модното освестување во 70-тите години. Тоа е период кога се напушта стереотипот на мажественост со крути, еднолични и широки материјали и кроеви, и се оди кон посмела мода, со тесни, шарени и поиндивидуални креации. Машките костуми на „Кокев“ се со актуелната ситна каро шара, со едноставен, но ефективен микс со црна или кафена ткаенина, и ногавица од панталони која завршува со ластик. На нозете машките модели носеа и влечки со крзно.

Kokev esen zima 2017 (1)

Вчеравечер Тања повторно покажа добар слух за професионално организирана ревија, поставувајќи стандадри и критериуми кон кои треба да се движи нашата модна сцена. Тоа подразбира и соработката со искусен тим. Режијата традиционално беше на Дејан Пројковски, сценографијата на Сергеј Светозарев. За музичкиот избор се погрижи диџејката Соња Исмаил, која ја наметна динамиката по која се движеа моделите пред бројната публика во салата: модните новинари и фотографи, познати лица од театарот, музиката, модата и бизнисот, почнувајќи со нумерата The Age of Aquarius од хит-мјузикот од 70-тите „Коса“, па сè со Voulez-Vous од АББА со кој кулминира шоуто. Во финалето на ревијата манекените спонтано заиграа, а во тоа им се придружи и самата Тања Кокев, која покажа дека секое патување низ времето секогаш завршува во најдобриот момент за живеење, креирање, сакање и споделување – сегашноста!

Фото: Ани и Дими

Kokev esen zima 2017 (4)

Kokev esen zima 2017a

Kokev esen zima 2017
tanja kokev esen 2017 (4)

Kokev esen zima 2017z
tanja kokev esen 2017 (3)

tanja kokev esen 2017 (2)

Kokev esen zima 2017 (6)

A post shared by stylist.mk (@stylist.mk) on Nov 2, 2017 at 2:24am PDT

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

70-титеАлександар паласесен-зима 2017/18Кокевмакедонска модаревијаТања КокевФото: Ани и Дими
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • paris-couture-fashion-week-2024 ревии

    PARIS HAUTE COUTURE: Видео преглед на новите колекции на висока мода

  • dior saint laurent ревии

    ПАРИСКА МОДНА НЕДЕЛА: Едноставна женственост кај Диор, ринтерпретација на сафари естетиката кај Сен Лоран

  • 11 ревии

    Старт на Париската модна недела со ревиите на Диор и Сен Лоран

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • mugler6

    Грациозната Џоја во светска кампања за L’Oréal x Mugler

    октомври 13, 2025
  • ????????????????????

    Модата како јазик на промените – Моден викенд почнува на 29 октомври

    октомври 9, 2025
  • ???????????????????????????

    Во Штип ќе се одржи модниот настан Shtip Fashion Days 2025

    октомври 7, 2025
  • esenski bazar

    Есенски базар за поддршка на современите занаетчии

    октомври 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025

Култура

  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics